Рама: ЕУ треба да делува геостратешки и врз основа на заслуга за преговорите

Албанскиот премиер Еди Рама, од Брисел, порача дека одлуката на ЕУ за отворање на преговори со Албанија и Северна Македонија треба да биде геостратешка и заснована на заслуги.

На новинарско прашање дали би било прифатливо за него Северна Македонија и Албанија да се одвојат во процесот на преговорите, Рама порача дека тоа не е негова надлежност.

-Тоа е надлежност на ЕУ, на Советот, не моја, ЕУ треба да делува геостратешки, геополитички, и засновано на заслуги, и ако една земја заслужила таа не треба да биде одбиена затоа што тогаш станува игра и албанскиот народ ќе почувствува дека е игра, изјави Рама.

На тоа се надоврза претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер кој порача дека двете земји треба да добијат преговори без одвојување.

-Ова на е игра, ова е трагичен регион и немаме право да играме игри, јас силно ја поддржувам ЕУ перспективата на регионот, препораката за старт на преговори со Албанија се донесе врз основа на заслугите на албанскиот народ. Северна Македонија и Албанија имаат свое место во ЕУ без одвојување, изјави Јункер.

Еди Рама ги отфрли обвинувањата дека се залагал за Голема Албанија и порача дека единствен негов е сон е "Голема Европа". /MИА

Обвинителка Катица Јанева утре треба да се појави во Обвинителството за да даде исказ

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева чиј глас се слушна на снимките на италијанскиот медиум „Ла Верита" за случајот „Рекет", утре треба да се појави во обвинителството во улога на сведок за да даде исказ пред обвинителката  Вилма Русков

Јанева  во видеата на италијанскиот „Ла Верита“  му вели на Орце Камчев „се ќе биде добро" за што се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.

До сега за случајот кој ја тресе  македонската јавност и политичка сцена сведочеа обвинителките Лиле Стефанова која исто така беше спомната во снимките од страна на Орце Камчев, и обвинителите  Елизабета Јосифовска и  Бурим Рустеми, меѓу кои и шефицата на кабинетот на Јанева.

Фетаи: Не коментирам постапки на други Обвинителства

Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3", обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство одби да го коментира случајот „Рекет“, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал.

– Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет" ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам, нагласи Фетаи.

Таа додаде најважно е тоа дека СЈО продолжува со својата работа.

– Ете денеска имаме судење за предметот „Титаник 3" кое е пред завршна фаза. Ние си продолжуваме со работа, потенцира Фетаи./МИА.

Трета фаза превентивна дезинсекција во Демир Хисар

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

 Центарот за јавно здравје-Битола денеска и утре ќе ја реализира третата фаза на превентивната систематска дезинсекција за уништување на комарците, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство, а врз основа на одлука на Советот на Општина Демир Хисар.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

-Со информации за превентивната дезинсекција известени се и здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и други институции, нагласуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола. 

притисни ентер