ЖИВО ЌОФТЕ СО МОДАР ПАТЛИЏАН

Рецепт на Фета Сулејман.

Потребни состојки: 1 кг. бунгур (кршен ориз), неколку лажици исот (лута пиперка), 1-2 главици кромид, малку магдонос, мешан зачин, сол по вкус, малку масло, неколку лажици јогурт, 1 тегла доматно пире, ½ модар патлиџан, 2 лимона, малку сос од калинка и неколку листови од марула.

Постапка:

Во поголема тепсија состојките се ставаат по следниот редослед: бунгур, сечкан кромид, исот лута пиперка и доматно пире.

Сите состојки добро се мешаат неколку минути со рака.

Потоа се додава сечкан пропржен модар патлиџан, сол и мешан зачин по вкус и се продолжува со мешањето околу 40 минути.

При крај се додава: малку масло, малку магдонос, неколку лажици јогурт и се продолжува со мешањето уште половина час.

Потоа се додава сок од лимон и сос од калинка и се продолжува со мешањето се додека не се соединат состојките.

Ќофтињата се формираат со рака, се сервираат во линија и се декорираат со листови од марула и лимон.

Фото: „Поради моите бујни гради мојот сопруг никогаш не е под стрес“

Сопругата на хрватскиот ракометен голман Мирко Алиловиќ, сексапилната Ива Алиловиќ ја откри тајната на успехот на нејзиниот сопруг.

Атрактивната Ива која е мајка на три деца во 2019 година на фејсбук коментирала дека „допирањето “ на градите го намалува стресот за цели 60 проценти.

Сега кога новинарите ја прашале повторно за тоа Ива имала духовит коментар.

-Тогаш мојот Мирко никогаш не е под стрес, какви „јошки“ има дома, напишала Ива со насмевка.

Инаку, Мирко и Ива се во брак десет години и имаат три сина.

РАВИОЛИ СО ДОМАТЕН СОС

Рецепт на  РЕНАТА ТРАЈЧЕВСКА

Потребни состојки:, 200 гр. брашно, 2 јајца, 1 лажичка маслиново масло, 200 гр. печурки, неколку лажици доматен сос, малку сончогледово масло, 100 гр. фета сирење, малку пармезан, 1 филџан вода, магдонос, бибер, сол и зачин од сув зеленчук по вкус.

Постапка:

По подлабок сад со брашно се додаваат 2 јајца и 1 лажичка маслиново масло и се замесува тесто.

Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои една вечер.

Се посипува со брашно и со сукало се формира подебела кора.

Добиената кора се посипува со брашно и се става во специјална рачна направа за тенчење кори.

Најнапред се поминува на поголема дебелина, а потоа на помала, за да не се распука кората.

Откако ќе се истенчи кората се прават кругови со помош на калап.

Во тава со загреано масло се пропржуваат сечкани печурки.

При крај се зачинуваат со бибер, сол и зачин од сув зеленчук по вкус.

Се додава сечкан магдонос, се намалува температурата на шпоретот и се додава дробено фета сирење.

Состојките се пропржуваат уште неколку минути.

Со добиената смеса се полнат круговите од тесто и се формираат равиоли во форма на цветови или друга форма.

Во тенџере се става 1 филџан вода да зоврие.

Во тава со масло се ставаат равиолите малку да се пропржат.

Откако ќе се пропржат се става зовриената вода и тавата се покрива со капак.

Равиолите крчкаат околу 7 минути и потоа се ставаат во чинија со загреан доматен сос и се посипуваат со пармезан.

Видео: Нови видови на ајкули кои одат по дното!?

Научниците откриле нови видови на ајкули кои перките ги користат за да одат по дното.

Новите видови на ајкули се откриени во Индоавстралискиот архипелаг, научниците  велат дека тие се хранат со мали риби и безрбетници.

Според доктор Кристин Даџон ајкулите се предатори и ги користат своите перки за да одат по морското дно.

-Ајкулите се помали од еден метар и не се опасни за луѓето, изјавила Даџон.  

Научниците се воодушевени од откривањето на нови видови ајкули и истакнуваат дека тоа се должи на 12 годишна студија  спроведена од компаниите „CSIRO“ , „Conservation International“, Научниот институт во Индонезија , Министерството за поморство на Индонезија и Музејот за природна историја на Флорида.

-Генетските податоци покажуваат дека новиот вид на ајкула се развил откако ајкулите се оттргнале од својата првобитна популација, станале генетски изолирани во нови реони и се развила во нов вид. Нивните перки им обезбедуваат голема предност во однос на нивниот плен малите ракчиња и мекотели, наведува доктор Даџон.

притисни ентер