ПИЦА МАКЕДОНИЈА

Рецепт на Ивица Огненоски.

Потребни состојки: околу 500 гр.брашно, 1 чаша минерална вода, ½ коцка свеж квасец, 50 мл. масло, малку шеќер, малку сол, 200 гр. кашкавал, 50-100 гр. шампињони, 1 пиперка,1 домат, малку тиквичка, неколку тенки парчиња сланина, половина главица кромид, неколку чешни лук, неколку маслинки и зачин по вкус.

Постапка:

Во подлабок сад се става млака минерална вода во која се растопува квасецот.

Се додава: шеќер, сол и масло и состојките добро се мешаат со рака.

Потоа постепено се додава брашно и се замесува тесто.

Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои 30 минути.

Од тестото се формира круг и се става во тепсија.

Ренданиот кашкавал се распределува на целата површина.

Сечканиот домат се распределува на целата површина.

Одозгора се ставаат сечкани шампињони, сечкана пиперка и сечкана тиквичка.

Потоа се става сечкан кромид и сечкани маслинки

Одозгора се ставаат тенко сечени парчиња сланина.

Пицата се пече околу 10-15 минути во загреана рерна.

Откако ќе се испече веднаш се додаваат неколку чешни сечкан лук и се зачинува со оригано.

На крај пицата се премачкува со масло.

Отворено студио на Канал 5: Како би изгледала новата Влада?

Во отвореното студио на Канал 5 по повод двојните избори во Македонија се дискутираше за тоа како би изгледала новата Влада.

Според Горан Момироски ВМРО-ДПМНЕ оди кон 58 пратеници, а ВЛЕН и ЗНАМ се сериозни кандидати за да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

За Љупчо Зиков е прерано да се лицитира со цифри на пратеници, а според него на платнформата за новата влада според ќе се најдат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

Муцунски: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

притисни ентер