ДУИ не се откажува од идејата за Ветинг

ДУИ не се откажува од идејата за Ветинг преку која би се контролирала работата на функционерите, како тие го стекнале имотот и дали во текот на своето работење имале контакти со лица замешани во организиран криминал.

Пратеникот од оваа партија Артан Груби вели дека оваа идеја набрзо ќе биде преточена во предлог закон, во кој би биле наведени сите детали за неговата содржина, но се уште не е прецизирано дали тој ќе има ретроактивно дејство.

Ветингот би ги опфатил и судиите, обвинителите и судските советници со цел реформирање на правосудниот систем.

Во Албанија пред три години беа изгласани уставни измени и направени законски измени за спроведување на овој процес.

Според Претседателот на Здружението на судии Џемаили Саити, искуството од оваа соседна земја покажало дека ветингот носи лоши резултати и од тие причини тој смета дека ваков процес во Македонија не е потребен.“Треба самоеваулација, односно некоја форма поблага од ветинг, но цело време повикувам на таа самоевалуација ние судиите да си ја направиме преку нашите одлуки и постапувања. Доколку некој има таква анализа и смета дека самоевалуацијата би била неуспешна тогаш немам против да се спроведе таква анализа. Но при таква постапка мораме да ги имаме во предвид лошите искуства во Албанија, каде што целиот правосуден систем е во банкрот. Имате седум судии на Врховен суд од дваесет, имате еден судија на Уставен суд и граѓаните се оставени на милост и на немилост на извршната власт, “вели Џемаили Саити – Врховен судија и претседател на Здружението на судии.

Веќе од поодамна се планира спроведување на вакви проверки и кај полицајците, командирите и началниците во МВР. Во Албанија претходната година за само една недела пред истекувањето на рокот за предавање на потребните формулари, 500 полицајци самоволно ја напуштија својата работа.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер