Фејсбук го ограничува live stream

Компанијата Фејсбук објави дека ќе ги заостри правилата за користење на својата услуга ,,live stream” , пред состанокот на првите луѓе на социјалните мрежи , каде ќе се бара начин за ограничување на насилството на интернет.

Ваквите нови правила Фејсбук ги воведува поради насилството и масакрот во џамиите на Нов Зеланд , каде терористот користеше live stream додека ги убиваше верниците.

Фејсбук ќе го ограничи користењето на live stream на лица кои претходно биле под дисциплинска постапка поради прекршување на какви било правила на страницата.

Првиот обид за прекршок ќе ја забрани услугата live stream на одреден период , а зголемен е и списокот на прекршоци.

Австралијка живеела десет месеци во соба со 60 000 пчели (ВИДЕО)

Во преградието на австралискиот град Бризбејн пчеларот Пол Вуд отстранил околу 50 килограми саќе , откако десет месеци, илјадници пчели живееле во домот на Лорел Лушам.

Пчеларот , кого го викнала жената, откако десет месеци чувствувала дека нешто се движи под гредите во собите , отстранил и 60 000 пчели. Вуд пчелите привремено ги префрлил во кошници во неговиот двор.

 

Лорел Лушам видела дека бројот на пчели кои влегуваат под гредите се зголемува , па го повикала пчеларот на помош.

Пчеларот наишол на огромни парчиња саќе , направено на гредите на куќата , веднаш откако ги тргнал таванските плочи. Откако пчњеларот ги собрал пчелит есо посебен уред , жената го зела медот за себе.

Втор смртен случај од листерија во Шпанија

Во Шпанија почина уште едно лице од бактеријата листерија , а се заразило од свинско месо.

Во Шпанската покраина Андалузија е прогласена епидемија на листерија , а денеска почина уште едно лице од заразено свинско месо.

Според портпаролот на секретаријатот за здравство на покраината Андалузија, Хосе Мигел Киснерос , починал 72- годишен маж , кој бил во терминална фаза на рак на панкреас.

Листеријата особено е опасна болест за лицата со намален имунитет и бремените жени. На 15. август во Андалузија е прогласена епидемија на листерија и до сега се заболени 186 лица. Првата жртва била 90 – годишна жена.

Според медиумите , заразеното емсо било произведено во компанијата Мадругис од Севиља .

Од Светската здравствена органзиација предупредуваат дека листерија може да се јави и во други земји , доколку туристи консумирале од заразеното месо во Шпанија.

Семејството Бекам повторно на одмор во Црна Гора (ВИДЕО)

Брачната двојка Дејвид и Викторија Бекам деновиве уживаат со синовите Ромео, Бруклин и Круз и со ќерката Харпер Севен во убавините на црногорското крајбрежје.

Семејството Бекам веќе втора година се смести на градот – остров Свети Стефан.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Beautiful sunset ❤️

A post shared by bb🌷 (@brooklynbeckham) on

„Уникатниот град - хотел, местото каде што се венчаа Новак и Јелена Ѓоковиќ пред пет години,  гарантира на најпознатиот британски пар дискреција, мир и целосен одмор во прекрасен амбиент“, пишуваат црногорските медиуми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🧘🏼‍♂️

A post shared by bb🌷 (@brooklynbeckham) on

Бекамите се доста активни на одморот , а редовно ги објавуваат своите авантури на социјалните мрежи. Најчестиот избор што го споделуваат се спортовите на вода.

И минатата година тие беа на Свети Стефан, престојувајќи во Вила 112, едно од најлуксузните места на Свети Стефан. Таму престојувале и принцот Чарлс, актерката Софија Лорен, Џереми Ајронс и семејството Ѓоковиќ. Ноќевање со појадок во вилата чини 7000 евра.

притисни ентер