Наградени најдобрите цртежи на темата „Маркови Кули – предизвик за сите нас"

Вкупно 123 цртежи на учениците од прилепските основни и средни училишта беа претставени на изложбата во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков" на тема „Маркови Кули – предизвик за сите нас". 

Цртежите се резултат на конкурсот што го распиша прилепската локална самоуправа, дел од проектот „Маркови Кули – заштита и делување" во рамките на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од ЕУ, а спроведена од УНДП.

За најдобри со мотивот на Марковите кули беа прогласени цртежите на Илина Смугреска  од гимназијата „Мирче Ацев", која го освои првото место, ликовната творба на нејзиниот соученик од гимназијата, Матеј Зарески го освои второто, а цртежот на Лејла Јаховиќ од основното училиште „Пере Точев" од Дупјачани според четиричлената комисија го освои третото место.

Конкурсот, кој на 15 март оваа година го објави прилепската локална самоуправа имаше за цел да ги мотивира и активно да ги вклучи младите како дел од локалната заедница.

Според Бранко Ристески, директор на Инстиутот за старословенска култура, изложбата претставува почеток на заокружување на завршната фаза на вреднување на овој проект кој е финансиран од ЕУ, а го спроведува УНДП.

-Овој проект има цел да ја подобри методологијата за управување со заштитените подрачја во кој издвоено место има локалитетот Маркови Кули. Ова е почеток на завршната фаза за изработка на план за управување со Марковите Кули , по што би следела постапка за ревалоризација на просторната целина како мешовито добро со природни и културни вредности, на што би се надоврзала завршната, оперативна фаза со активности околу осветлувањето на Марковите Кули, санирање на пристапниот пат,  поставување информативни табли и видиковци. Партиципацијата на младите во оваа фаза е особено значајна бидејќи се добиваат почетни идеи и визуелизација на еден простор кој тие непосредно го доживуваат за разлика од нас возрасните. Секако дека избраното решение допонително ќе се обработува за да се добие графичко решение, истакна Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура.

На изложбата беа доделени благодарници и книги на сите учесници како и благодарница за поддршка на асоцијацијата „Ластовица" и  градинката „Наша Иднина" која ја збогати оваа поставка со 67 цртежи од најмладите. Исто така награди беа обезбедени и за првонаградениот gopro  камера и bluetooth звучници за второто и третото место.

Следен  чекор  во спроведувањето на проектот „Маркови Кули – заштита и делување"  ќе биде поставувањето видео-мониторинг и осветлувањето на дел од локалитетот, согласно нормите за заштите за да не се влијае инвазивно и да се нарушува биодиверзитетот на локалитетот. Ќе се постават инфо –точка на потегот  „Кај слонот" за потребите на посетителите и туристите, а ќе се реконструира и дел од  постојниот пат за да се спречи ерозија./MИА 

Времето стабилно и потопло

Денеска ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува и слаб променлив ветер кој во текот на денот од северен ќе премине во јужен.

 Максималните температури ќе достигнат од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер  и со температура до 21 степен.

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од  7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од  7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Како што соопштуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Народниот правобранител, се посочува, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

-И во оваа пригода, Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, стои во соопштението. 

МВР и денеска ќе издава лични карти

 Одделенијата на МВР за управни работи ќе работат денеска, како и на 4 и 5 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

– Барањата за за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април 2019 година, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР. 

притисни ентер