Јанакакис: Сега имаме можност да сториме многу повеќе, Преспанскиот договор повикува на соработка во многу области

Во односите меѓу Грција и Северна Македонија минатата година имаше еден невиден дотогаш развој како резултат на историското потпишување на Преспанскиот договор.

Во односите меѓу Грција и Северна Македонија минатата година имаше еден невиден дотогаш развој како резултат на историското потпишување на Преспанскиот договор и неговата ратификација подоцна од страна на нашите парламенти. Сега ќе биде важно да се спроведе стратешкото партнерство воспоставено со Договорот од Преспа. Подготвени сме да ја поддржиме Северна Македонија како добри соседи и пријатели и да го понудиме нашето искуство и експертиза додека земјата оди кон нејзиното интегрирање во европските и евроатлантските организации.

Ова го истакна шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во нашата земја Димитрис Јанакакис на денешниот прием организиран по повод 25 Март – Националниот ден на Грција на кој присуствуваа премиерот Зоран Заев, министри во Владата, дипломатскиот кор, грчкиот заменик-министер за надворешни работи Маркос Боларис, како и истакнати стопанственици и други јавни личности.

Тој нагласи дека двете земји веќе имаат многу важни односи во многу области што е потврдено и со присуството на повеќе грчки компании и фактот дека Грција е трет по големина инвеститор во Северна Македонија и втор најголем трговски партнер. Дополнително, рече Лејланос, секоја година пречекуваме повеќе од милион туристи од Северна Македонија, додека многу грчки граѓани исто така ја посетуваат вашата земја.

-Сега имаме можност да сториме многу повеќе. Преспанскиот договор повикува на развој на соработката во многу области. Оваа соработка ќе биде многу корисна за двата народа, нашите општества, а особено за нашите млади луѓе и може да биде многу плодоносна во пракса за нашите граѓани. Ова се покажува и со неодамнешното потпишување на Договорот за отворањето нов граничен премин помеѓу Лемос и Маркова Нога во регионот на Преспа и со потпишувањето на Меморандумот за разбирање за намалувањето на роамингот пред јули годинава. Има уште многу да се стори. Верувам дека наскоро ќе видиме повеќе резултати во пракса. Како Канцеларија за врски што наскоро ќе стане амбасада ќе помогнеме колку што е можно повеќе, порача шефот на Канцеларијата за врски во Скопје Јанакакис. /МИА

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер