Изложбата „100 години Требиште“ е приказна за скапоцените траги на една исклучително богата култура

Вечерва во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија  е отворена изложбата „100 години Требиште“ , каде што се обрати премиерот Зоран Заев.

,,Изложбата „100 години Требиште“ е приказна за скапоцените траги на една исклучително богата култура откриена пред 100 години во близината на Охрид или некогашен Лихнидос мистериозната историска и културна загатка овде во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија  е обединета со сите три дела од нејзината блескава севкупност”, изјави премиерот Зоран Заев вечерва пред почетокот на изложбата во Скопје.

Тој додаде дека изложбата е резултат на иницијатива на трите институции -Националниот археолошки музеј, Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија каде што се чуваат вредните артефакти од локалитетот Требеништа откриени низ повеќе декади.  На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 400 предмети од колекциите на трите музеи, заедно со Заводот и музеј од Охрид меѓу кои и златната погребна маска.  

Археолошки музеј ги отвори вратите за кучињата придружници

 Археолошкиот музеј на Македонија од денеска ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.

– Како општествено одговорна институција која прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници, наведуваат во соопштението од Археолошкиот музеј.

Оттаму потсетуваат дека ги исполнуваат сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и оти располагаат со лиценцирани водичи за лица со попреченост. 

За утре во 11 часот закажана седницата за пратеничкиот мандат на Никола Груевски

Павле Богоевски, како претседател на  Комисијата за деловнички и имунитетно-мандантни прашања за утре во 11 часот ја закажа седницата на која треба да се одлучува за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

 Но, опозицијата го оспорува неговиот кредибилитет по скандалот со нелегална набавка на наркотици.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ допрва ќе се координираат дали утре ќе побараат одземање на Богоевски од претседателската функција во комисијата, а се уште немаат прецизен став и како ќе гласаат по предлогот да му се одземе мандатот на поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ.

За пратениците од парламентарното мнозинство најважно за утрешната седница е да се задржи фокусот на Груевски, без одговор дали Богоевски има кредибилитет да ја води комисијата.

По признанието дека нелегално набавувал, како што самиот тврди, масло од канабис, Богоевски досега одбива да се изјасни по повиците во јавноста за негова оставка од пратеничката функција.

Во меѓувреме, обвинителството и МВР по негова пријава работат на утврдување на идентитетот на таксистот што наводно го снимал пратеникот како и на сопственикот на профилите на социјалните мрежи каде беше објавен телефонскиот разговор.

ДУИ не се откажува од идејата за Ветинг

ДУИ не се откажува од идејата за Ветинг преку која би се контролирала работата на функционерите, како тие го стекнале имотот и дали во текот на своето работење имале контакти со лица замешани во организиран криминал.

Пратеникот од оваа партија Артан Груби вели дека оваа идеја набрзо ќе биде преточена во предлог закон, во кој би биле наведени сите детали за неговата содржина, но се уште не е прецизирано дали тој ќе има ретроактивно дејство.

Ветингот би ги опфатил и судиите, обвинителите и судските советници со цел реформирање на правосудниот систем. 

Во Албанија пред три години беа изгласани уставни измени и направени законски измени за спроведување на овој процес.

Според Претседателот на Здружението на судии Џемаили Саити, искуството од оваа соседна земја покажало дека ветингот носи лоши резултати и од тие причини тој смета дека ваков процес во Македонија не е потребен.“Треба самоеваулација, односно некоја форма поблага од ветинг, но цело време повикувам на таа самоевалуација ние судиите да си ја направиме преку нашите одлуки и постапувања. Доколку некој има таква анализа и смета дека самоевалуацијата би била неуспешна тогаш немам против да се спроведе таква анализа. Но при таква постапка мораме да ги имаме во предвид лошите искуства во Албанија, каде што целиот правосуден систем е во банкрот.  Имате седум судии на Врховен суд од дваесет, имате еден судија на Уставен суд и граѓаните се оставени на милост и на немилост на извршната власт, “вели Џемаили Саити – Врховен судија и претседател на Здружението на судии.

Веќе од поодамна се планира спроведување на вакви проверки  и кај полицајците, командирите и началниците во МВР. Во Албанија претходната година за само една недела пред истекувањето на рокот за предавање на потребните формулари, 500 полицајци самоволно ја напуштија својата работа.

притисни ентер