НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМ

Од понеделник до петок во 20:30, Ви нудиме серија која нема да ве остави рамнодушни.

Во продолжение, Нехир и Асу ќе ви раскажат како започна нивната приказна..

Се викам Нехир. Мојот живот не е типичен како за девојче, но не се жалам. Имам семејство, а како што велеше татко ми, тоа е најважното во животот.

Секогаш кога ќе си спомнам за него и за семејството, ме напаѓаат спомени што ме враќаат во раното детство, кога покрај љубовта на татко ми, можев да поднесам и пребродам се’.

Ах тато... Колку само добар човек беше... Колку ме сакаше... Колку ме штитеше...  Сонуваше дека еден ден ќе ме види со диплома в раце.. Сакаше да станам архитект.

Мајка ми Ферал беше тотално различна од татко ми. И покрај тоа што постојано и помагав околу домашните обврски и се трудев во се’ да и’ угодам, таа никогаш не беше задоволна од мене, и никогаш не ми покажа мајчинска грижа и љубов. Толку беше строга и неправедна кон мене, што често се прашував дали таа е мојата вистинска мајка.

И пак ќе ви го спомнам татко ми..., зашто само во неговата прегратка се чувствував силна и сигурна. Дури и кога остана без работа, и кога бевме принудени да се селиме, дури и тогаш не го напушти позитивниот дух.

Тргнавме за Истанбул. Татко ми веруваше дека неговот најдобар војнички другар Џелил ќе му помогне и ќе ни најде место за живеење. Но, не излезе како што очекуваше...

Но, за среќа, се’уште постојат добри луѓе на овој свет.

На повидок беше прекрасен нов живот во Истанбул. Добивме убава куќа каква што не сме ни сонувале...

Но, за жал, среќата траеше кратко. Татко ми почина прерано, и јас никогаш не го прежалив. Си ветив дека многу ќе работам, дека ќе го издржувам семејството, и ќе се грижам за мајка ми, за брат ми Синан, и за моите две сестри Пинар и Сема. Ќе бидам столбот и храброста на нашето семејство тато, токму каков што беше и ти...

Се викам Асу.

Бев среќно мажена со Онур,  а нашата ќеркичка Еџе,  настана како плод на нашата љубов. Се роди во мај, во  најубавиот месец во годината. Како вчера да беше... нејзиниот прв роденден..

Тој прекрасен мајски ден беше исполнет со насмевки .. Сите бевме од среќни – посреќни... Но за жал, истиот тој мајски ден се претвори во кошмар, а нашиот живот во трагедија.

Се’ започна од еден единствен телефонски повик..

Сè се случуваше многу брзо...   Онур само ми повторуваше да ја земам Еџе и да побегнам.. „Спаси ја ќерка ни, бегајте, спасете се вие“...  - Тоа беа единствените негови зборови кои до ден денес ми одѕвонуваат во глава...

Го послушав, и побегнав со Еџе, но никогаш повеќе не го видов мојот сакан. Го убија.

Во тие најтешки моменти, Сенџер безрезервно ми ја нудеше својата помош. Тој му беше партнер на Онур и многу ја сакаше нашата фамилија. Јас бев скршена од болка, но во прегратката на Еџе наоѓав некаква утеха и се трудев да продолжам со животот...

Но... кога ми ја украдоа и Еџе, ...кога едно кобно утро ме одделија и од најмилото,... за мене веќе немаше живот.

Јас сум најнесреќната жена на светов...  Ја изгубив ќерка ми... Ништо не остана од моето семејство. Останав сосема сама.

Сенџер и понатаму се трудеше да биде покрај мене и да му даде некаква смисла на мојот живот.  Тој беше татко на две деца, оставен сам да се грижи за нив. За да ја намали мојата болка, ми понуди да ги гледам неговите деца како свои. Најпрво одбивав, но потоа прифатив.

И така годините си поминуваат. Јас им ја пружам целата своја мајчинска љубов на децата на Сенџер, но и покрај се’, не можам и не сакам да се помирам со фактот дека мојата ќерка е мртва.

Некаде длабоко во срцето, мојот мајчински инстинкт ми кажува дека е жива и дека еден ден ќе ја најдам.

притисни ентер