Во Атина утре нов протест против Договорот од Преспа

-Во среда на 23 и четврток на 24 јануари, никој од нас да не оди на работа.

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија", организацијата која стои зад протестите против Договорот од Преспа, ги повикува Грците утре попладне, во пресрет на гласањето за ратификација на договорот да излезат на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент, „да го изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот" , јави дописничката на МИА од Атина.

-Во среда на 23 и четврток на 24 јануари, никој од нас да не оди на работа. Продавниците, бизнисите, училиштата да останат затворени, државните службеници да не се појават во нивните служби, грчкото знаме на пола копје да се постави на секој дом, камбаните на црквите да бијат во знак на жалост. Секој Грк и секоја Гркинка, им го должиме тоа на оние кои ги оставија нивните семејства и се жртвуваа за Македонија да остане грчка, пред околу 100 години, соопштуваат организаторите. /МИА.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

притисни ентер