Директорите на италијанските автопатишта осудени за убиство

За убиство од немар се осудени директори на италијанската компанија за одржување на автопатиштата за несреќата во 2013.

Директорите на Autostrade per l'Italia се осудени заедно со уште тројца поранешни директори на истата компанија за смртта на 40 лица , кои загинале во 2013 на автопатот што бил во нивна надлежност.

За чудо на италијанската јавност , главниот директор на компанијата Џовани Кастелучи е ослободен од вина.

Тоа покрена големи реакции во јавноста со најава за дополнителни кривични приојави за падот на мостот минатата година во близина на Џенова , кога загинаа 43 лица.

Денешната пресуда се однесуваше на пад на автобус меѓу Неапол и Бари во јули 2013 во близина на местото Авелино.

Европа е во опасност – предупредуваат безбедносните служби

Можни напади на ултрадесничари , каков што беше оној во Нов Зеланд , претставува се поголема закана за Европа, предвидуваат безбедносните служби.

Европските безбедносни служби по минатонеделниот напад во џамии во Крајстчрч го засилија надзорот над ултрадесничарите. Во Франција, Британија, Германија и Италија веќе со години безбедносните служби предупредуваат на силната поларизација во општеството и можноста екстремисти да го нападнат муслиманското малцинство во овие земји.

,,Европа е во голема опасност. Екстремистите се засилуваат насекаде , а ние ги пренаменуваме средствата за да можеме да ја следиме барем ултрадесницата и екстремистите. Наше е да предвидиме и да ги блокираме тие групи , за да не можат во одреден момент да предизвикаат судир меѓу заедниците.” , вели Патрик Калвар , директор на француската разузнувачка служба.

,,Во последните четири до пет години во западните земји утврдивме зголемен број на злосторства од омраза и терористичко насилство од карајно десничарски групи. Тоа се должи на засилената поларизација не само на страната на џихадистите , туку и на крајаната десница.”, вели Питер Њумен , директор на Меѓународниот центар за студии за радикализација од Лондон.

Туск : Се е можно до новиот рок за Брегзит, 12 април

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск изјави денеска дека се е можно до новиот рок за Брегзит , 12 април , доколку британските пратеници следната недела не го одобрат договорот за излез на Британија од ЕУ.

,,До 12 април се е можно: договор, подолго одлагање доколку Британија одлучи да ја преиспита својата стратегија или поништување на членот 50, што би значело откажување од Брегзитот” , изјави Туск на прес конференција во Брисел по завршувањето на состанокот на лидерите на ЕУ.

 ,,Секако повторно ќе се сретнеме пред овој датум , се разбира во присуство на премиерката Меј. “ , изјави германската канцеларка Ангела Меркел со најава за нов самит.

Првите луѓе на Унијата вчера и дадоа на Британија одложување на Брегзитот на 12 април , наместо рокот од 29 март , договорен за излез од ЕУ.

Илјадници се евакуираат во Австралија пред ударот на два силни циклони

Илјадници Австралијанци се евакуираат пред ударот на два силни циклони , што би можеле да бидат разорни.

Во текот на викендот северот на Австралија ќе биде погоден од силниот циклон Тревор , додека циклонот Вероника ќе го погодин западниот дел на земјата. Се очекуваат силни ветришта , дожд и големи бранови.

Жителите кои живеат во овие подрачја се предупредени дека надоаѓа големо невреме со поплави , така што илјадници се евакуираат.

Ова е втор пат во историјата метеоролозите да најават два циклона во Австралија во ист ден.

Тревор во сабота наутро ќе го погоди северот на државата , каде се очекува за еден ден да наврне дожд колку што врне за цела година. Циклонот Вероника ќе го погоди северозападниот брег меѓу сабота попладне и недела наутро.

притисни ентер