Произведено милионитото возило Пежо 2008

По шест години од лансирање на моделот Peugeot 2008 SUV, PSA Group во фабриката во Мулхаус го произведе милионитото возило!

PEUGEOT 2008 во моментов е произведен на три континенти - во Европа, Кина и Латинска Америка - но неговата приказна започна во 2013 година во Мулхаус, местото каде што се произведува и кое денес го слави производството на милионитото возило. Од самото лансирање  на PEUGEOT 2008 ја ности ознаката "Origine France Garantie" заедно со 62% од компонентите кои се произведени во Франција.

Произведен во повеќе од 1.210.250 примероци ширум светот, PEUGEOT 2008 брзо ги освои купувачите во сите земји каде што се продава. Рангирајќи се помеѓу првите три модели во B-SUV сегментот во 30 европски земји, тој продолжува да биде голем успех.

Во Мулхаус, секој ден произведуваат по 780 примероци на 2008, а резултатот за целата 2018 година е вкупно 193.000 примероци. Во Мулхаус, Жан-Филип Импарато, главниот извршен директор на брендот, ги предеаде клучевите од милионитото PEUGEOT 2008 - бела Crossway PureTech 130 S&S со 6-степен мануелен менувач - на г-ѓа C. Jung која е лојален клиент на PSA Ratail.

Девојчиња избегале од градинка на минус 45 – сакале да ги израдуваат родителите (ВИДЕО)

Две петгодишни девојчиња избегаа од градинка во село во Сибир , па завршија во болница со премрзнатини .

За среќа девојчињата преживеале на -45 степени , недоволно облечени , а тргнале да ги израдуваат родителите. Тие решиле да избегаат на најсудениот ден во годината , кога температурата во Јакутск на Сибир била 45 степени под нулата.

Едно од девојчињата не понело ракавици , зашто на видеото се гледа дека ја држи својата омилена играчка. Сега во болницата и ги спасуваат трите измрзнати прстиња.

Мајката Евдокија Кутукова забележала дека го нема девојчето , кога дошла да го земе од градинка. Веднаш забележала дека ја нема ниту нејзината најдобра другарка и ги алармирала нејзините родители.

Набргу се јавил дедото на девојчето и кажал дека таа штотуку влегла дома , целото смрзнато и расплакано. Другото девојче се загубило на патот до дома , а по извесно време  ја нашле во куќа , каде се скрила од студот.

,, Се сетила да побара помош и да влезе во нечија куќа . За среќа нема промрзнатини.” , изјави нејзината мајка.

Астон Мартин со нова лимузина, се произведуваат само 50 примероци

Астон Мартин последниве години едноставно не може да промаши. Новата лимузина е долгоочекуван производ на невообичаена соработка.

Совршениот спој , во чија соработка е направена лимузината го откриова самото име Aston Martin DBS Superleggera TAG Heuer Edition, со што се потврдуваат информациите за успешната заедничка работа.

Познатиот бренд на швајцарски часовници се здружи со производителот на луксузни автомобили. Се планира да се произведат само 50 примероци , а цената би била најмалку 300 000 евра.

Доминантната црна боја е потенцирана со црвени детали на надворешноста и внатрешноста. Моторот е стандарден 5.2 V12  со 725 KS i 900 Nm, а тоа значи од 0-100км/час за 3,4 секунди и максимална брзина од 340 км/час.

Четиричасовна битка на живот и смрт меѓу жирафа и лав (ВИДЕО)

Посетителите на приватниот резерват Класери во Јужноафриканската Република беа шокирани од глетката на борба меѓу лавица и жирафа.

Жирафата со часови одела со лавицата на грбот. Големото животно било нападнато од група лавови , за една лавица да и се качи на грбот , по што почна четиричасовната борба на живот и смрт.

Конечно , жирафата успеала да ја отфрли лавицата , а групата лавови се повлекла и се откажала од ручекот.

притисни ентер