Македонија напредна за 10 места според индексот на демократија на британскиот,,The Economist “

Со 5,87 поени на индексната скала од 0-10 за демократија, на Британскиот неделник ,,Економист“, Македонија лани напреднала за десет места и се зацврстила на 78-то.

Со тоа земјава ,,си обезбедила“ позиција  во категоризацијата,, хибридни режими“ во кој влегуваат земјите оценети со поени од 4-6 и кој е ранг веднаш зад категоризацијата,, авторитарни режими“.

Од Балканот во групата ,,хибридни режими“ друштво ни прават  Црна Гора која е на 81-то место , Босна и Херцеговина на 101-то место и Турција која е на 110-тото место.

Хрватска, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Романија  се во повисока категорија наречена ,,недоволни демократии“и се наоѓаат на шеесеттото место и под него.

 На самиот врв на Индексот на демократија, како и досега се нордиските земји – Норвешка е на прво место ,Исланд на второ, Шведска на трето место.

На четврто место е Нов Зеланд а Данска е на петто место.

Најлоши по индексот на демократија се Северна Кореја , Сирија, Демократската република Конго и Централноафриканската република , кои се во категоризацијата,, авторитарни режими.

Со индексот на демократија опфатени се 167 држави, а оценувани се по 60 показатели во пет категори – изборен процес и плурализам, функционирање на владата, полтичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи.Според најновиот Индекс на демократија, британскиот неделник „Економист“ заклучува дека демократијата во 2018 година не се намалувала иако само четири и пол проценти од светската популација живеела во ,,целосна демократија“ .„Економист“ наведува дека во изминатите години заканите по демократијата ширум светот станале се поочигледни – од замирањето на Арапската пролет, доживотното владеење на кинескиот лидер, изборни победи на популистите со авторитарни тенденции на Филипини, во Бразил и во Мексико, до поткопување на демократските институции во Унгарија, Турција и Полска.

Кабинет на Ципрас: Нимиц става крај на приказната на Мицотакис за наводно одново преговарање за Договорот

Жестока вербална битка за одбраната на Македонија во грчкиот Парламент, на првиот ден од расправата за Преспанскиот договор.

И покрај жестоките критики  на Договорот, опозициската Нова демократија, како што пренесува Катимерини, нема да поднесе иницијатива за гласање недоврба на Владата на Ципрас.

Во Атина е екипата на Канал 5 со Александар Видиновски,  александар кои се најновите информации околу расправата во грчкиот парламент.

Можни ли се нови изненадувања, освен најавите за нови масовни приотести утревечер?

Никола Мицевски и Дамјан Манчевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Никола Мицевски и Дамјан Манчевски

Мицевски: Зошто носите закони по скратена постапка а први бевте против тоа?
Манчевски: Законот за спречување на корупција зошто 5 до 12 се донесе?

Мицевски: Треба да ја менуваме историјата, има јавен притисок да се сменат историски факти по секое погчавје од Преспанскиот договор.
Манчевски: Договорот е потпишан веќе една година, набрзо ќе станеме членкаа на НАТО. Што е ова, лов на вештерки?

Мицевски: ВМРО ДПМНЕ наредниот период ќе работи на подобрување на договорот, не на поништување на еден ваков меѓународен документ. 
Манчевски: Ја поздравувам изјавата, ова е нова политичка реалност, вакво нешто да каже пратеник на опозицијата.

Заложничка драма во банка на Флорида , застрелани повеќе луѓе (ВИДЕО)

Шефот на полицијата на округот Хајлендс на Флорида , Дон Елвел , изјави дека повеќе луѓе се застрелани во заложничка драма во банката SunTrust во гратчето Сербинг.

Полицијата информира дека заложничката драма почнала во средна напладне по локално време, но се уште не е јасно дали застреланите се вработени во банката или клиенти. На видеото се гледа полициски и возила на итна помош .

Медицинските тимови влегоа во банката , откако беше скршен стаклениот влез. Во близина се застанати роднините и пријателите на лицата , кои се во банката.

За сега драмата нема исход и не се знае колку лица ги држат во заложништво вработените и клиентите , ниту се знае точниот број на киднапирани , како ни видот на повредите на застреланите.  

притисни ентер