Хиротонисан епископот полјански Јаков

Претпладнево во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј", во селото Водоча, архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изврши хиротонија на новоизбраниот епископ полјански Јаков.

Одлуката на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА е донесена на 29 септември оваа година, а чинот на хиротонија или ракополагањето се случи претпладнево на соборот на епископите.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на Синодот отслужи и Божествена литургија за хиротонијата на новоизбраниот епископ полјански Јаков.

-Како помошен епископ трудете се достојно и достоинствено да ги извршувате задолженијата што ќе ви бидат овозможени, а пред сè трудете се постојано да го проповедате Светото евангелие. Бидете постојано исполнет со љубов за сите и со трпение кон сите. Одѕивајте се на духовните потреби на верниот народ. Бидете секогаш подготвен да им дадете утешителен збор, потребен совет на оние што тоа ќе ви го побараат. Оние коишто скршнале упатуајте ги на правиот пат. Бидете секогаш подготвен да им помогнете на оние кои останале без надеж, на оние на кои им исчезнала љубовта, им згаснала верата. Поучувајте со збор, но најмногу со добар пример, порача поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во обраќањето по завршувањето на Божествената литургија.

Синоќа во манастирската црква „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици" во Струмица се одржа наречение на новоизбраниот епископ.

Епископот полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј" во Ново Село,Струмичко. Тој е новиот, тринаесетти владика во Синодот.

Сега ја носи титулата епископ полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на митрополитот струмички, господин Наум.

На хиротинијата присуствуваше претседателот на Владата Зоран Заев, потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, градоначалниците на Струмица и Дојран, Коста Јаневски и Анго Ангов, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, и голем број верници и гости.

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност

По ведрото утро со наместа пониски температури, во петокот преки денот че преовладува сончево време со мала до умерена облачност. 

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринските температури се движат од минус 1 до 7, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 23 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 21 степен,

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

Регионалниот ЦУК Штип информира дека на патните правци Брана Калиманци – граничен премин кон Република Бугарија, Македонска Каменица – Рудник „Саса“ и на патниот правец Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони при што се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер