Доделени наградите на Киненова- филмот ,,Блискост" ги однесе сите награди

Меѓународното жири на чело со турскиот маестро Зеки Демиркубуз, заедно со Росица Валканова и Лазар Секуловски одлучија трите награди на фестивалот „Киненова“ да се доделат на само еден филм. 

Наградите за најдобро сценарио, најдобра режија и најдобар филм тие ги доделија на филмот „Блискост“ од Кантемир Балагов.

-Жирито се одлучи да ги даде трите награди на само еден филм, бидејќи потполно се истакна со својот храбар пристап во сите овие аспекти. За импресивниот кастинг за големото артистично и длабоко вистинито раскажување, за емотивниот импакт наградите за најдобро сценарио, најдобра режија и најдобар филм одат за „Блискост“ од Кантемир Балагов, велат во својата одлука членовите на жирито.

Русија/2017/118’

БЛИСКОСТ (Tesnota/Closeness)

режија: Кантемир Балагов (Kantemir Balagov)

сценарио:  Антон Јаруш (Anton Yarush), КантемирБалагов (Kantemir Balagov)

улоги: Дарја Зовнер (Darya Zhovner), Олга Драгунова (Olga Dragunova), Артем Ципин (ArtemTsypin), Назир Жуков (Nazir Zhukov)

продуценти: Николај Јанкин (Nikolay Yankin, Example of intonation - Alexander Sokurov’s Fund), Едвард Пичугин (Edvard Pichugin, Lenfilm), Александар Сокуров (Alexander Sokurov)

Синопсис

1998, Налчик, Северна Кавказија, Русија.

24-годишната Илана му помага на татко и‘ при поправките на автомобили во нивната гаража. Една вечер организираат веселба по повод веридбата на нејзиниот брат. Доцна во ноќта младиот пар е киднапиран и семејството тргнува во потрага по пари за откуп. Во оваа мала еврејска енклава вмешувањето на полицијата не доаѓа предвид. Како семејството ќе собере пари за да ги спаси младенците? Илана и нејзините родители ќе се обидат да најдат различни за да стигнат до целта, ризикувајќи ги меѓусебните односи кои и онака не се на ниво.

Фантастичен филм за кој може да се дискутира од различни аспекти и кој ќе го разнесе вашиот ум. Балагов, пуленот на култниот Александар Сокуров, е вистинско откритие на новото руско кино!

Фестивали и награди

-         Cannes Film Festival 2017– награда „Фипресци“ во селекцијата „Извесен поглед“

-         Lisbon & Estoril Film Festival 2017 – најдобар филм и актерка

-         Montréal Festival of New Cinema 2017 – најдобра актерка

-         Russian Guild of Film Critics 2017 – најдобра актерка, најдобра споредна актерка, најдобро деби

-         Sochi Open Russian Film Festival 2017 – најдобар филм и режисер

-         Haifa International Film Festival 2017 – специјално признание за режисерот

-         Vilnius International Film Festival 2018 - најдобар филм и актерка

-         International Cinephile Society Awards 2018 - најдобар филм

Биографија

Кантемир Балагов е роден на 28 јули 1991 година во Налчик. Во 2015 година ги заврши студиите по режија на Државниот универзитет „Кабардино-Балкар“ кај менторот Александар Сокуров. Зад себе има два докментарни и еден краток филм. „Блискост“ е негово дебитантско целовечерно остварување. 

Жирито оддаде Специјално признание за филмот „Без датум и потпис“ од Вахид Џалилванд, за мајсторскиот и минималистичен начин на кој раскажува една комплексна приказна.

Членовите на жири-комисијата се заблагодарија и на фестивалот „Киненова“ за моќната селекција.

 -Жирито би сакало да се заблагодари на филмскиот фестивал КинеНова за претставувањето на необично моќна селекција на филмови кои се истовремено филмични и посветени на човечки вредности, потенцираа членовите на комисијата.

Вечерва во 20 часот се заокружи официјалниот дел од програмата на третото издание на „Киненова“ (следните два дена во „Кинотека“ финишираат останатите филмски програми). 

Заради технички проблем, прегорен исправувач на ламбата на проекторот, кино „Милениум“ не беше во можност да овозможи да се реализира завршната вечер, па затоа истата се префрли во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. 

На затворањето беше прикажан филмот „Ага“, фантастичниот филм на бугарскиот режисер Милко Лазаров, визуелен спектакл кој го затвори годинашното Берлинале, а ја доби и главната награда во август на Сараевскиот филмски фестивал, „Срцето на Сараево“

Бугарија, Германија, Франција/2017/96’

АГА (Ága)

режија: Милко Лазаров (MilkoLazarov)

сценарио:  Симеон Венциславов (Simeon Ventsislavov), Милко Лазаров (Milko Lazarov)

улоги: Михаил Апросимов (Mikhail Aprosimov), Феодосија Иванова (FeodosiaIvanova), Галина Тихонова (Galina Tikhonova), Сергеј Јегоров (Sergei Egorov)

продуценти: Веселка Кирјакова (Veselka Kiryakova), Ајке Горецка (Eike Goreczka), Криштоф Кјукула (Christoph Kukula), Гијом де Сеј (Guillaume de Seille)

Синопсис

Во снежната дивина на северот, Нанук и Седна живеат традиционално и изгледаат како да се последните луѓе на Земјата. Тие сонуваат за повторно обединување со нивната ќерка Ага, која ги напуштила многу одамна, по една тривијална семејна расправија. И додека пејзажот околу нив драстично се менува од година во година со раното топење на мразот, по боледувањето на Седна, Нанук решава да тргне на пат и да и’ ја исполни нејзината последна желба. 

Многумина велат дека по антологискиот „Наку од север“ на , никој подобро не го насликал животот во екстремни услови од бугарскиот автор Милко Лазаров. Актуелниот добитник на „Срцето на Сараево“ ќе ве убеди дека наједноставните приказни највеќе погодуваат директно во срцето, особено ако истите претставуваат визуелен спектакл кој се доживува единствено на сребрениот екран.

Фестивали и награди

-         Sarajevo Film Festival 2018 – „Срцето на Сараево“ за најдобар филм

-         Jerusalem Film Festival 2018

-         Sydney Film Festival 2018

Биографија

Милко Лазаров (1967) дипломирал на Националната академија за театар и филм во Софија во класата на професорот Владислав Икономов. Неговиот дебитантски филм „Отуѓување“ (Otchuzhdenie, 2013) ја имаше својата премиера на 70. Венециска Мостра во селекцијата „Venice days“. „Ага“ е негов втор филм.

Не му е одземен имунитетот на Вељаноски, за сега нема да оди во притвор

Комисијата за мандатно имунитетни прашања , по дводневна седница гласаше со 4: 4 гласа , така што на Трајко Велјаноски нема верднаш да му биде одземен пратеничкиот имунитет.

Членовите на Собраниската комисија вечерва гласаа со изедначен број гласови за одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ , Трајко Велјаноски , поранешен претседател на Собранието.

„Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави“, рече претседателот на киомисијата Павле Богоевски.

Богоевски истакна дека на крајот на денот за имунитетот на одреден пратеник не одлучува самата комисија туку одлучува Собранието во целина.

Во моментот на гласањето вечерва не беше присутен пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.

Притворот за Велјаноски го побара судија за претходна постапка од Кривичниот суд поради сомнение за организирање на настаните на 27 април 2017 , за што се обвинети и екс министрите Миле Jaнакиески и Спиро Риствоски.

На Јанакиески допонително му е одредена мерка домашен притвор , а Ристовски останува во затворот во Шутка.

Во Албанија најден арсенал со муниција од деведесетите (ФОТО)

Министерството за одбрана на Албанија соопшти дека денеска се најдени голем број рачни бомби и гранати во станбена област во градот Пуке.

Се смета дека гранатите и бомбите се украдени од воени магацини за време на грашанските нереди во 1997 , кога избија насилни протести поради измами во пирамидални штедилници.

Министерството соопштува дека при раслистување на градската управа на Пуке , град на 140 километри северно од Тирана, во дворот била најдена граната од 120 мм.

Веднаш биле повикани воени стручњаци , кои во близина нашле и 47 рачни бомби , кои според војската , претставувале сериозна  опасност.

Еден тешко повреден , шестмина со полесни повреди од невремето во Црна Гора и БиХ (ВИДЕО)

Црногорското приморје , како и Далмација и делови од Бих се зафатени со незапаметено невреме со рекордно силен ветар.

Ураганските ветришта направија голема штета и во Црна Гора , каде на места достигаа брзина и од 100 километри на час.

Во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Никшиќ и Подгорица, поради откорнати водови , а во одделни делови енма ниту електрична енергија.

Во БиХ има и повредени од невремето. Во Мостар најамлку шест лица се повредени , меѓу кои и едно дете , на кое од силниот удар на ветрот му била приклештена раката од врата на гаража.

Во најтешка состојба е работник на бензинска пумпа во Текија, во БиХ ,  врз кого паднала даска и тој сега е во критична состојба во болницата во Требиње.

Заменик градоначалникот на Требиње Мирко Ќуриќ изјави дека во градот е направен штета од неколку милиони марки. Настрада и базенот во изградба , од каде ветрот го одвеа целиот покрив.

притисни ентер