Паника на плажа во Грција , се одрона карпа , има повредени (ВИДЕО)

На популарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос се одрона карпа .

Најмалку три лица се повредени и пренесени во локалната болница. Карпата се одронала претпладне кога на плажата имало голем број туристи. Во моментот на несреќата туристите ги зафатила паника .

На местото на несреќатас е спасувачки екипи и екипи на итната помош, кои се во потрага по туристи под урнатините. Инаку плажата Навагио се смета за една од најубавите на светот.

Денеска ќе се знае новиот британски премиер

Конзервативците се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант.

Околу 160.000 членови на британската владејачка конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен.

Според анкетите, Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор,  е фаворит во оваа изборна трка, пренесуваат американските медиуми.

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се сретне со директорите и вработени во детските градинки. 

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките информираат од ресорното министерство.

Самостојна изложба со иконографскa резба на Мирче Аврамоски

Прва самостојна изложба на иконографска резбарија на Мирче Аврамоски ќе биде отворена вечерва во Уметничката галерија во Тетово.

Ќе бидат претставени 40 икони изработени со резба на ореово дрво кои се дело на 34-годишниот Аврамоски.

Иконите ќе бидат изложени една недела, односно до следниот вторник, 30-ти август. /МИА

притисни ентер