Тендерот на министерот Филипче ќе го чешла ОЈО

Тендерот за набавка на биореагенси и тестови на крв вреден 35 милиони евра се најде во основното јавно обвинителство.

Обвинителството поведе предистражна постапка по допрен глас заради постоење индиции за повредена на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во министерството за здравство како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми.

„Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Скандалозниот тендер доби голем интерес во јавноста откако беше објавено дека се јавила само дена фирма, и тоа регистрирана во период кога беше отворен технички дијалог во април оваа година.  Тендерот вреден 35 милиони евра, го распиша Министерството за здравство за набавка на хемиски реагенси, е поништен.  

Министерот Венко Филипче соопшти дека со евалуацијата е потврдено дека има недостатоци во поднесените документи од страна на економскиот оператор. Tендерот се однесуваше за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема на бесплатно користење за потребите на јавните здравствени установи се јави само еден економски оператор. Единствениот понудувач беше фирмата „АХР лаб увоз-извоз ДООЕЛ во сопственост на Предраг Петрич од Нови Сад, а директор се наведува Александар Јовановски –Жути. Едиснтвен контакт во централниот регистар беше адресата на yahoo.

Министерот за здравство Венко Филипче во моментов е на одмор, и најави соопштение по од министерството за отворениот предмет.

Филипче најави нов тендер за реагенси.

Вечерва „Само Вистина“ со Оливер Спасовски

Во вечерашната „Само Вистина“ интервју со Оливер Спасовски

Дами и господа, црвени, сини и пурпурни, дали новото парламентарно пребројување ќе ги смири политичките страсти и наместо политиката -економијата ќе биде двигател на општеството, вечерва пултот на вистината резервиран за ексклузивно интервју со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Ден „Д“ за Грција и Договорот од Преспа, поголеми министерски плати, партиски калкулации за претседателски кандидати, на кое место се реалните проблеми на граѓаните?

Дали Спасовски се гледа себе си како подобен кандидат за консензуален претседател кој што ќе ги задоволи апетитите на матичната партија, коалициониот партнер но и на сите граѓани?

Дојдовме ли до првото место по одржување вонредни наместо редовни парламентарни избори?

Политичкиот пазар за „жешка пролет“ или за уште попеколно лето?

Има ли криза во владејачката коалиција поради китењето со „туѓи перја“?

Опозицијата обвинуваше за гласање во „5 секунди“, можна ли е реприза на референдумските сценарија?

Може ли министерот ексклузивно да ни ја открие вистината како избега Груевски, лоцира ли вина во полициските редови и кога може да очекуваме екстрадиција?

„Политиката е за сегашноста, а равенките се нешто за вечноста“ дециден бил Ајнштајн, но дали македонските политичари може наместо во минатото, математички прецизно да ја проектираат иднината на граѓаните, вечерва на местото резервирано за „Само Вистина“ со Оливер Спасовски, каде ако не, на Канал 5 Телевизија.

Едно лице повредено во престрелка во Маџари

Едно лице е повредено во оружена престрелка што се случи денеска во скопската населба Маџари.

Според првичните информации, повредено лице не е во животна опасност. Другото лице кое учествувало во престрелката е приведено.

До престрелката дошло поради нивно меѓусебно недоразбирање. /МИА

Димитриев: Одлука за претседателскиот кандидат ќе донесат делегатите на Конвенцијата

-Секој има право да се кандидира. ВМРО-ДПМНЕ ќе организира конвенција, и за тоа ќе одлучат кандидатите.

 Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев не сакаше да коментира дали ја поддржува кандидатирата на неговиот колега, пратеникот Влатко Ѓорчев, за претседател на  Република Македонија, потенцирајќи дека за тоа ќе одлучуваат партиските органи. Она што можам да го кажам, нагласи, е дека јас нема да се кандидирам.

-Секој има право да се кандидира. ВМРО-ДПМНЕ ќе организира конвенција, и за тоа ќе одлучат кандидатите. Јас не планирам да се кандидирам, барем за тоа можам да ви дадам конкретен одговор, рече Димитриев одговарајќи на новинарско прашање по средбата на експертот од ЕУ Маурицио Варанезе и претставник од Одделот надлежен за Македонија од ЕК Клое Лаурен Динсдел со членовите на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинска управа и Министерство за одбрана.

Запрашан дали партијата се подготвува и за парламентарни избори, освен за претседателски, Димитриев одговори потврдно, потенцирајќи дека партијата и побарала нивно одржување и дека очекува оти тие ќе се случат заедно со претседателските.

Пратеникот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев вчера  најави дека ќе се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат. Денеска поддршка за кандидатурата доби од својот колега пратеникот Антонио Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за избор на претседателски кандидати. Рокот за пријавување на огласот трае до крајот на месецов. Кандидатот за претседател на опозицијата ќе биде избран на 16 јануари на партиска конвенција во Струга.

притисни ентер