Коѕијас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија

На прес конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија  Лавров, шефот на грчката дипломатија  Коѕијас одговарајќи на новинарско прашање за името го искористи новото договорено име „Северна Македонија“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас рече дека во регионот постои култура луѓето да се караат за имиња.

- Надворешната политика на нашата влада е активна, демократска и повеќедимензионална. Во овие рамки го решивме прашањето што официјално постои веќе 25 години, а вистински, најмалку 70 години: да се запре спорот за името со Северна Македонија. Малку е дел од културата на регионот да се караме за имиња. Така и дедовците во едно семејство што немаат исто име, тогаш постои проблем. Секако постоеја и прашања со иредентизмот, кои со овој договор ги завршивме, рече Коѕијас по средбата со Лавров. 

Дали МВР ќе врши претрес и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

МВР и натаму трага по Груевски 

Полицијата вечерва ја продолжи  потрагата по Никола Груевски откако по распишаната потерница не го најде во неговиот дом во два наврати. Последна дестинација каде полицијата вршеше претрес беше околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и подземната гаража каде беа претресувани возилата кои си заминуваа од палатата Христо Татарчев.

Канал 5 има екипа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таму е колегата Михајло Видимлиски.

Столтенберг: Целосно бесмислено е НАТО и ЕУ да бидат противници

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска по повод расправата за формирање на “европска војска“ предупреди дека европската одбрана не смее да се зајакнува на штета на Северноатлантскиот сојуз.

„Задоволни сме поради засилените напори на ЕУ на полето на одбраната....добра работа е доколку европските сојузници имаат поголеми капацитети, доколку подобро соработуваат. Она со што не сме задоволни е тоа дека ЕУ почнува да воспоставува двојни структури“ – изјавил Столтенберг на “Форумот НАТО-индустрија“ во Берлин.

Тој оценил дека НАТО и ЕУ “всушност им е потребен еден силен и стручен команден систем“, пренесуваат хрватските медиуми.

„Не можеме да ги делиме ресурсите на половина...за земја како што е Германија би било целосно бесмислено да допушти НАТО и ЕУ да бидат противници, бидејќи Германија, како и повеќето членки на НАТО е воедно и членка на ЕУ“ – порачал Столтенберг.

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да бега

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.

– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ.

Тој рече дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

притисни ентер