Видео-Фото: Скромната Меган повторно воодушеви

Уште едно воодушевувачко издание на војвотката од Сесакс, Меган Маркл на приемот по венчавката.

Американската актерка Меган Маркл , од вчера и официјално сопруга на британскиот принц Хари и војвотка од Сесакс уште еднаш ја воодушеви јавноста со изборот на фустанот кој го носеше на приемот по венчавката.

После сведената и „затворена“ венчаница  вредна повеќе од 450 000 евра со потпис на Лкер Вејт Келер, Меган повторно облече едноставен бел фустан, но, со гол грб.

Фустанот за приемот по венчавката  на Меган бил дизајниран од Стела Мекартни направен од бела свила, а на нозете носела чевли од брендот „Аквакура“, исто така бели.

Во вакво издание Меган се возеше со својот сопруг Хари до Фрогмор каде принцот Чарлс правел прием за одбраните  гости, по „свадбата на годината“.

Ни трага ни глас од големата филмска ѕвезда

Најголемата кинеска ѕвезда , актерката Фан Бингбинг , исчезна без трага , па дури и нејзиниот вереник ги избриша сите нејзини фотографии.

Актерката Фан Бингбинг , петта најдобро платена филмска ѕвезда ваднаш зад Џенифер Анистон и пред Шарлиз Терон , исчезна од јавноста пред два месеца. Тогаш избил скандалот со актерите во Кина , кои не ги пријавувале сите свои приходи.

Тогаш преку своето стуфио , Фан ги отфрли обвинувањата. Дури и деталите околу оваа објава се сомнителни зашто во неа се вели дека актерката е ,,ставена под контрола и ќе се соочи со законската пресуда.” Но , оваа објава набргу беше отстранета , а избришана е и од сите медиуми и социјални мрежи каде што се појавила.

Во меѓувреме од славната актерка се дистанцираа и компаниите и брендовите , а нејзиниот вереник ги избришал сите нејзини фотографии и објави за неа од својот профил . За тоа време , никој не знае што се случило со најславната кинеска актерка , која беше редовен гостин на сите големи филмски фестивали во светот.

Се шпекулира дека Фан станала премногу популарна и влијателна за вкусот на владејачките структури во Кина.

,,Амазон” отвора 3 000 продавници без продавачи (ВИДЕО)

,,Амазон” планира да отвори 3 000 нови продавници без благајни до 2021 година .

Извршниот директор Џеф Безос се обидува да најде вистински формат за овој скап потфат , пишува специјализираниот магазин Блумберг.

Новите магазини би имале формат на минимаркет и да нудат свежо подготвена храна и други продукти како во 7/11. Друга можност би била да се отворат маркети од типот на продавници за откуп. Првата продавница без благајна е отворена во Сиетл во 2016 .

Од тогаш биле отворени уште две во истиот град и една во Чикаго. Купувачите влегуваат во овие продавници со апликација на мобилен и откако ќе извршат скенирање . Во продавницата купуваат сендвичи и брза хтана , пијалоци и грицки. По тоа заминуваат , а сметката им се наплаќа преку апликацијата.  

Син на диктатор пристигна во Бразил со торба полна кеш и злато , додека во неговата земја умираат од глад

Бразилските власти одзеле над 16 милиони долари во кеш и луксузни часовници во амбасадата каде што бил Теодорин Нгнема Обианг , потпретседател на Екваторијална Гвинеја.

Бразил не дозволува во земјата да се внесе повеќе од 2 400 долари во кеш , а синот на диктаторот кај себе имал 1,5 милиони долари и две торби полни со скапоцени часовници проценети на 15 милиони долари , како и 17 куфери со облека.

Делегацијата од 11 луќе , кои допатувале во Бразил со владин авион , слетале во Сао Паоло , а по сензационалното откритие на царината , во амбасадата на оваа земја изјавиле дека парите му биле потребни на Обианг за да го продолжи патот кон Сингапур, а часовниците биле за негова лична употреба.

Во амбасадата на оваа сиромашна земја , каде жителите буквално умираат од глад , изјавиле и дека синот на диктаторот пристигнал во Бразил за лекување.

Тој е син на претседателот Теодор Обианг Нгнема , вечен лидер на земјата пребогата со нафта , кој е на таа позиција од 1979 година. Околу 70 проценти од 1,2 милиони жители на оваа земја живеат во екстремна сириомаштија.

притисни ентер