Гонзалез: Не сум задоволен од играта

Вардар со победа и со нов рекорд го заврши основниот дел од регионалната СЕХА лига. Но, по натпреварот против Нексе на кој „црвено-црните“ славеа со 29:25, тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, изрази незадоволство од играта.
- Во првото полувреме не игравме добро, по одморот одигравме малку подобро, доволно колку за победа. Сега останува да се одмориме и добро да се подготвиме за фајнл-фор турнирот, кој се игра во Скопје, истакна Гонзалез.
И Игор Карачиќ по натпреварот наведе дека по полошиот прв дел уследило консолидирање за историската победа во СЕХА.
- Нексе беше одлично подготвен, а ние влеговме малку лошо во првиот дел, но во вториот дел притиснавме. Со помош на некои играчи кои беа распожени дојдовме до победа со која влеговме во историјата на СЕХА. Сега останува да се одмориме, а потоа да се подготвуваме за Ф4 во СЕХА и за Лигата на шампионите, нагласи Карачиќ.
Вардарци ја забележаа 17 победа и станаа единствениот тим во регионалното натпреварување кој успеал да дојде до едно вакво остварување.
Досегашниот рекорд беше сопственост на унгарски Веспрем со 16 победи и две ремија.
За Вардар во регионалното натпреварување следен предизвик е фајнл-форот во СЕХА лигата, кој се игра од 13-15 април во Скопје./MИА

СП 2018: Јапонија започна со изненадувачка победа над Колумбија

Репрезентацијата на Јапонија постигна многу вредна победа со 2:1 над фаворитот Колумбија во првата средба и за двата тима на Мундијалот во Русија.

Дуелот се одигра на стадионот „Мордовија Арена“ во Саранск, а јужноамериканците го одиграа речиси целиот натпревар со човек помалку, откако уште во четвртата минутам Карлос Санчез беше избркан поради игра со рака во шеснаесетникот.

Тој направи пенал, кој беше реализиран од Кагава, а со генијална изведба од фаул, Кинтеро израмни во 39-тата минута на средбата.

Победата за „самураите“ ја донесе Осака во 72-та минута, кога го постигна победоносниот гол со глава.

По овој натпревар, Јапонија е лидер во групата „Х“, во која се уште Полска и Сенегал, чиј натпревар почнува од 17 часот. /МИА

СП 2018: Нејмар не тренираше

 Најдобриот фудбалер на Бразил, Нејмар го пропушти тренингот по натпреварот од 1.коло против Швајцарија од Е-групата на Светско првенство 2018 кој заврши нерешено 1:1.

Во текот на натпреварот, бразилската ѕвезда неколкупати доби силни удари во нозете, но изјави дека нема сериозни повреди.

Според бразилските медиуми, Нејмар го пропушти тренингот, бидејќи стручниот штаб му даде поштеда стравувајќи за неговото здравје поради грубата игра на противниците насочена кон него.

На следниот дуел од Мундијалот, Бразил на 22 јуни ќе игра со Костарика. 

Велшки Њу Сејнтс противник на Шкендија во првото квалификациско коло за ЛШ

 Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра со Њу Сејтс од Велс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Ова е исходот по денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Тетовци можат да бидат задоволни од извлекување со оглед на тоа што можеа да добијат далеку посилни противници.

Првиот меч ќе се игра на 10/11 јули кога Шкендија ќе биде домаќин. Реваншот во Велс е седум дена подоцна. 

притисни ентер