Прилепски „Пазари“ со милионски долгови и сомнителни продажби на имоти

Прилепското јавно претпријатие „Пазари“ има наследено долгови од околу пет милиони денари и доведено е во прашање неговото работење, вели новиот директор Кристијан Илиески, кој на денешната средба со новинарите ја поретстави, како што рече, крајно тешката финансиска состојба на претпријатието.

Илиески вели дека фирмата била без денар на сметката и со неисплатени плати за 27-те вработени кога во ноември бил назначен за директор.

- Кога дојдов на чело на претпријатието затекнав долгови од околу пет милиони денари. Само по основ на ДДВ на УЈП претпријатието ѝ должеше преку два милиона денари и уште 300.000 денари камати. Имаше долг од 300.000 денари за неплатен данок на имот, на вработените за неостварени права според колективниот договор за 2015 година им должеше 700.000 денари и уште 460.000 за минатата година. Претпријатието има обврски за плаќање од 550.000 денари, а сѐ уште не се знае кому и што должи, вели Илиески.

Новиот директор на ЈКП „Пазари“ нагласува дека досега успеал од обврските да исплати 2,9 милиони денари кон вработените и за неплатен ДДВ.

За Илиески голема непознаница се состојбите со поранешниот млечен пазар и „Сточниот пазар“ каде е Терминалот. Посебно сомнителна е, вели, продажбата на млечниот пазар во центарот на градот наспроти големиот зелен пазар.

- Продажбата на „Млечниот пазар“, или популарниот поранешен Пазар за сирење е сомнителна и допрва ќе се истражува. Претпријатието го загуби тој простор и не е сѐ уште сфатливо зошто тогашниот Управен одбор на „Пазари“ се откажал од просторот во корист на општината. Прво, беше продаден на „Кам-маркетите“, а потоа на „Тинекс“, а претпријатието не доби ниту денар од тоа, вели Илиески.

Во прилепски „Пазари“ отворено се поставува прашањето каде се парите од продажбвата на Млечниот пазар, но и од сомнителните трансакции за „Сточниот пазар“.

- За уредувањето на овој пазар, претпријатието инвестираше 4 милиони денари, за потоа, со промена на деталниот план, општината да им го одземе имотот. Освен тоа, угостителскиот објект во сопственост на ЈКП „Пазари“ е продаден за екстремно ниска цена од околу 13.000 евра, објаснува Илиески.


Според него, ЈКП „Пазари“ не може да функционира доколку не добие субвенции од општината од четири милиони денари.

- Наш основач е Општината. Неопходни ни се субвенции од 4 милиони денари за состојбата да се доведе до „позитивна“ нула“ и претпријатието полека да застане на свои нозе. Сакаме да го вратиме сјајот на зелениот пазар надалеку познат во регионот и да почнеме рентабилно да работиме. За тоа дека недомаќински претходно работеле директорот Пецо Димоски и поранешниот градоначалник Марјан Ристески, покрај натрупаните долгови, е и фактот што зелениот пазар четири пати се препокривал, рече Илиески. /МИА

Марија решила да пушти брада и станала позната низ цел свет, сопругот ја поддржува (ВИДЕО)

Марија да Консеисао (47) решила да ги остави предрасудите на страна.

Со текот на времето, таа станала популарна на социјалните мрежи, каде ги повикува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.

На Инстаграм е позната како „Барбудиња“ (брадеста), а претходно открива дека „не ги допирала влакната на лицето, затоа што пати од вишок тестостерон“, пренесува Лакале Блу радио.

„Тетка ми имаше брада, но ја избричи. Тоа е генетско кај нас. Кога мајка ми ги забележа првите влакна на моето лице, почна да ми ги бричи. Се плашеше од предрасуди, дека луѓето ќе ми се смеат“, изјавила Марија од Бразил.

Кога станала полнолетна, решила повеќе да не ја бричи брадата и конечно почнала да се „чуствува комплетна“.

Марија е во брак со Тињо Силва, а заедно се 17 години. Одлуката да пушти брада за малку ќе довела до развод, но на крајот тој ја прифатил нејзината одлука.

Покрај тоа, тој поттикнал да биде активна на социјалните мрежи. Неговата сопруга е многу активна на мрежите и се обидува да испрати силна порака до луѓето - сакајте се такви какви што сте.

По 12 дена љубов, сфатил дека невестата му е маж, но и тоа не е нејчудното (ВИДЕО)

Млад Индонезиец го доживеал својот животен шок откако дознал дека се оженил со маж, по што во паника повикал полиција.

Локалните медиуми ги објавија деталите за бизарната приказна која има вистински филмски пресврт, пренесува Oddity Central.

Сѐ започнало на интернет, каде А.К.(26) ја запознал Адина Канза Азахрај. По некое време, бил договорен состанок, а момчето признало дека веднаш се заљубил.

Не му пречело тоа што Адина го крие лицето, користејќи хиџаб или превез. Всушност, нејзината срамежливост уште повеќе го заинтригирала, па решил да ја запроси.

Адина прифатила, но рекла дека не сака свадба бидејќи „нејзината мајка починала“ и „не била во контакт“ со нејзиниот татко. Тврдела дека нема семејство да го покани на свадбата.

Парот се одлучил за дискретна церемонија одржана во нивното село и тогаш работите станале уште почудни.

Имено, Адина сепак не го симнала превезот, одбила да се дружи со семејството и пријателите, како и да го „конзумира бракот“.

Младиот човек им се пожалил на своите роднини, кои решиле да ја истражат историјата на жената, па токму тогаш почнала да се расплетува приказната. Го пронашле таткото, кој објаснил дека има син, а локалните медиуми ги објавиле само иницијалите Е. С. Х.

Штом слушнал дека се оженил со маж, А.К. повикал полиција.

„Е.С.Х.(26) признал дека барал пари од оштетениот. Секогаш кога барал, добивал. Нему ќе му биде поднесена кривична пријава и ќе се соочи со четири години затвор“, изјавил полициски извор.

Понатаму се наведува дека уапсениот по шминкањето имал „женски изглед“, што му овозможило да ги измами луѓето.

Најпознатиот светски Јутјубер подарува 26 Тесли, една е посебна

Најпознатниот Јутубер на светот, MrBeast, објави дека по повод неговиот 26-ти роденден на своите следбеници им подарува 26 автомобили Tesla.

"Го славам мојот 26-ти роденден, па на моите следбеници им подарувам 26 Тесли! Лајкнете ја оваа објава и означете двајца пријатели во коментар за да учествувате. Следете ме за да ви испратам порака ако освоите Тесла. Победниците ќе да бидат објавени за седум дена. Споделете го ова на вашата приказна и помогнете им на вашите пријатели да освојат Тесла“, напишал тој.

На овој линк е објавен и документ со сите детални правила на надградувачот на MrBeast.

Потсетуваме дека Џејмс Стивен Доналдсон, попознат како MrBeast, е најследен Јутјубер денес со над 240 милиони следбеници на таа платформа. Во 2023 година, тој беше најуспешниот дигитален креатор, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари.

притисни ентер