4,9 милиони долари за информации за исчезнатата подморница

Аргентина нуди 4,9 милиони долари за секој што има информации за исчезнатата подморница.
Аргентинските власти објавија награда од 4,9 милиони долари ( 98 милиони пезоси ) за информации што би помогнале да се најде подморницата ,,АРА Сан Хуан “ , што исчезна на 15 ноември минатата година .
Подморницата последен пат беше видена кога со 44 членови на екипажот го напушта пристаништето во градот Ушуаја на крајниот југ на Аргентина .

Една недела траеше потрагата по подморницата , по која трагаа и меѓународни истражители.

Соопштението за наградата е објавено на сајтот на Министерството за одбрана. 

Гром “спржи“ автобус во Грција

Меѓуградски автобус изгоре од удар на гром на североистокот на Грција.

Меѓуградски автобус изгоре од удар на гром на североистокот на Грција, а притоа ниту еден од патниците не бил повреден, соопшти грчката противпожарна служба.

Ова се случило на патот од Александрополис до Орестијада, оддалечена околу 20 километри, во близина на границата со Турција.

Громот удрил во автобусот за време на врнежите во попладневните часови.

Автобусот се запалил, а возачот го запрел возилото и ги евакуирал 12 патници и кондуктерот.

Како што пренесува „АП“, нема повредени.

Пожарот го гаснеле 18 пожарникари со шест противпожарни возила.

Прекин во снабдувањето со вода на дел од Гостивар

Гостиварското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ за утре најави повеќечасовен прекин во снабдувањето со вода за пиење на дел од градското подрачје. 

Причината како што наведуваат од таму е санирање на дефект.

- Прекинот е заради изведување поправки на цевководот во близина железничката станица. Планирано е тој трае до пладне, односно до поправка и и негово оспособување. Во овој период дел од корисниците во градот кои се снабдуваат со вода од градскиот водовод, нема да добиваат вода, информираат од ЈП Комуналец.

Покрај тоа, за утре се планирани прекини во снабдувањето со вода за пиење на целото гостиварско подрачје.

- Тоа е планирано да почне од утринските часови. Прекините ќе бидат во функција на пробно пуштање во работа на пречистителната станица и подготовките за редовно снабдување со филтрирана вода. Од овие причини бараме разбирање од граѓаните, потенцираат од ЈП „Комуналец“.

Сончево, температура до 32 степени, попладне нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. 

Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде главно северен. /МИА

притисни ентер