Охрид одбележува 50 години од првото скијање на Галичица

Охрид одбележа педесет години од првото скијање на Галичица. Охридските планинари се потстија на далечната 68-ма, кога неколкумина ентузијасти со скромна опрема и дрвени скии го освија врвот Магаро и спуштајќи се по падините, покажаа дека на Галичица има услови за зимски спортови.
Охрид одбележа педесет години од првото скијање на Галичица. Група млади планинари предводени од охридскиот алпинист Љупчо Поп Стефанија деновиве се искачија на снежната планина и скијаа во чест на покојниот колега  Миле Битрак.

Во далечната 1968 година со скромна опрема,војнички чизми и  дрвени скии  неколкумина охриѓани за прв пат го освоија врвот Магаро и докажаа дека на планината има услови за зимски спортови.

- Со  Миле Битрак и Леко Радич со многу скромна опрема се искачивме на врвот Магаро и од таму од северната страна се спуштивме така што за тоа време беше своеврсно едно првично качување дотогаш немало не сме слушнале дека пред нас  некој го направил тоа, вели Љупчо Поп Стефанија поранешен аплинист.

Во тогашно време  двајцата охридски алпинисти со силната љубов кон планината ги искачиле Монт Блан, врвот на  Андите и  ги освоиле речиси сите европски врвови.

- Имавме многу потфати овде некаде, моето искуство е некаде околу 150 алпинистички смерови и освоени скоро сите повисоки врвови на Балканот така оставивме, да речам се создаде една скромна традиција во Охрид за планинарење, додава Поп Стефанија.

Двајцата охриѓани беа  основоположници на почетоците на  скијањето во Охрид и изградбата на Планинарскиот дом во седумдесетитет години, кој откако изгоре замреа зимските спортови во градот.

Со овој чин охридските планинари упатија апел до надлежните да се врати сјајот на Галичица и  таа повторно да биде достапна за скијање.


Вообичаено утро на островот Палма де Мајорка

Девојка си порачува за јадење во ресторан.

Британка си порачува  храна во Мекдоналдс, откако била на некоја забава.

Германскиот весник Билд ја објавил оваа фотографија со коментар дека се работи за Британка која се појавила вака облечена во недела во 11 часот наутро.

ТВ презентерка успеа да фати избеган коњ

ТВ презентерка успеа да фати избеган коњ

Презентерката се фрли пред коњот и успеа да го застане.

Повеќето луѓе кога би виделе коњ кој галопира кон нив би избегале, но ТВ презентерката му се спротистави на избеганиот коњ и успеа да го застане.

Презентерката Харли Мур, стоеше во средина на патеката кога го забележа коњот.

Погледнете ја оваа храбра жена:

Кенгур влетал на рагби натпревар (видео)

Камерманот кој го снимал рагби натпреварот го фатил моментот кога кенгур влетал на теренот.

Видеото е снимено во Паркс, во Нов Јужен Велс, во Австралија. Во тоа време се играл рагби натпревар.

Снимката покажува како кенгур скока по теренот меѓу играчите и неколку секунди потоа го напушта теренот.

„Работам хонорарно како камерман, главно ги следам локалните спортски настани. Додека го снимав женскиот рагби натпревар, бев сведок на неочекувана појавување на кенгур на теренот“ – прокоментирал снимателот на овој несекојдневен инцидент.

притисни ентер