Кремљ: Не сме разочарани од Трамп, немавме илузии!

Кремљ соопшти дека не е разочаран со начинот на кој односите на САД и Русија се развиваат по преземањето на претседателската функција од Доналд Трамп.
Перспективата на односите ќе може да се согледа дури откако лидерите на двете земји ќе се состанат - соопшти Кремљ.

- Ние не гледавме низ розови очила, никогаш немавме илузии, така што нема во што да бидеме разочарани  - изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Путин, Дмитриј Песков - пренесе Ројтерс.

Related image

Тој ова го изјави на прашањето дали Кремљ се почувствувал изневерен поради недостатокот на напредок во односите со САД по инаугурацијата на Трамп, кој во текот на предизборната кампања се залагаше за обновување на односите со Русија.

- Сеуште немало суштински контакт меѓу двајцата шефови на држави. Не е познато кога тоа ќе се случи. Веројатно дури откако ќе разговараат, ќе биде јасно каде остануваат значителни разлики и каде би можело да се открие подрачје за соработка - наведе Песков.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер