Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Македонија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала-1998 ноќеска во 02 часот и 55 минути е почувствуван на територијата на Република Македонија.


Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа во соседна Албанија.

Заев: Рекордните 1,2 милиони туристи во 2019 ја покажуваат успешноста на политиките на СДСМ во туризмот

Навистина прекрасен е Охрид во секој период од годината особено кога ќе проштетате со овие млади луѓе овде низ Чаршијата.

Денеска сме овде да прошетаме низ Чаршијата и да разговараме со раководителите на одредени сектори со граѓаните поради тоа развојот и растот на секој дел од нашата земја е важен. Гранката на туризмот е еден од сериозните партиципиенти во нашиот бруто домашен производ и затоа растот којшто го овозможуваме во туризмот е нешто на кое се радуваме и веруваме дека ќе биде дополнителна иницијална каписла за уште поголем развој на туризмот во периодот кој е пред нас.

2019 година ја завршивме со преку 1,2 милиони туристи или 5,8% повеќе од 2018 година што со самиот тренд покажува дека мерките кои се преземени даваат резултати. Секако не само преку мерките за поддршка на внатрешниот туризам, односно сиромашните граѓани којшто им беше овозможено да имаат можност да летуваат во текот на годината заедно со своето семејство до обезбедените дестинации до Охрид, Скопје сето тоа го овозможуваа.

Веруваме дека преку еден добар план за равој на туризмот во цела земја посебно во охридско -струшкиот регион ќе овозможиме дополнително екстензија на туристичката сезона која што е многу важна за Охрид. Сите мерки којшто досега ги развиваме се дополнително привлекување на внимението на нашите граѓани, соседите, европа и светот за почесто да ни го посетуваат Охрид.

Во тој дух, економијата продолжува да биде нешто на што ќе бидеме целосно преокупирани.

Јас верувам дека на решени работи со соседите, на интегрирана земја во НАТО, започнати преговори со ЕУ, изградено пријателство со соседите и тоа како можеме да очекуваме значаен развој во туризмот, но и севкупен економски раст и развој на нашата земја.

Верувам дека Охрид ќе напредува, како сите други градови во Македонија за да можеме да кажеме дека сме успеале на тоа што целиме.

Центар за комуникација со јавноста на СДСМ

Италијанецот кој ноќеска беше тестиран на Инфективна клиника нема коронавирус

Италијанскиот државјанин, кој доцна синоќа беше примен на Инфективната клиника во Скопје, е тестиран и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство.

Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ и откако се сместил, отишол да се пријави на Инфективна клиника оти имал стомачни тегоби.

Како што претходно соопштија од министерството за здравство, пациентот бил ставен во изолација и кај него се направени тестови согласно утврдениот протокол. Тој поминал низ термалната камера на скопскиот аеродром, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал откако се сместил, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот.

Преговорите со Македонија и Албанија на дневен ред на министрите на ЕУ

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за новата методологија за пристапни преговори предложена од Европската комисија.

Но, дипломатите нема да носат заклучоци додека не се објават извештаите за реформскиот напредок на Скопје и Тирана.

На дневниот ред на Советот за општи работи на ЕУ денеска се предвидени опширни дискусии за претстојниот лидерски самит и за преговорите за идното партнерство на ЕУ и Обединетото кралство. Откако ќе завршат овие дискусии, министрите предвидуваат информациска точка посветена на новата методологија за проширување што ја објави Европската комисија пред неколку седмици.

Се очекува да биде повторено дека реформата на оваа методологија треба да се одвива паралелно со отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, но нема да можат да се носат никакви заклучоци се додека земјите членки немаат увид во извештаите на ек за реформскиот напредок.

притисни ентер