Арсовски: Зоран Заев треба да одговара бидејќи е дел од случајот „Рекет"

Од се може да се дефокусира, дури и од неспособното справување и криминалот во време на корона кризата, само не може да се дефокусира од вмешаноста на Зоран Заев во случајот „Рекет".

Целата јавност е сведок, изминатава година дена, дека Зоран Заев е директно инволиран во случајот „Рекет", но за жал, на негова среќа, Рускоска обвинителството и „трас-трас" Луи Вутон судството се уште процесот е закочен само на 3-ца обвинети.

Бараме од МВР и Јавно обвинителство веднаш да отворат случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело и веднаш да се отпочне случај токму во овој Кривичен суд, а како се размотува клопчето во случајот „Рекет", сомнежот е дека Зоран Заев ќе стигне и до првоосомничен и организатор на целата афера „Рекет".

Бараме МВР и Јавното обвинителство да почнат вештачење на телефонот на Зоран Заев при што веруваме и сигурни сме дека таму ќе се разоткрие целата шема за рекетирање на бизнисмени во Македонија во висина од над 20 милиони евра.

Почитувани,

Зошто Зоран Заев молчел од 3-ти април кога го предупредил Бојан Јовановски алијас Боки 13 дека го следат обвинители и служби од странска земја и молчел дури до 22 април?

Со тоа свесно му дал простор на Бојан Јовановски и останатите да прикријат докази и да губат телефони и да работат во нивна полза. Впрочем сите се сеќаваме на еден исказ каде Бојан Јовановски самиот кажа дека Зоран Заев го предупредил за истото.

Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Рускоска и обвинетите. Со едната мести судски пресуди и заташкува случаеви, со другите мести случаеви во СЈО, со третите и четвртите рекетира и одработува останати работи.

Почитувани,

Како што реков, ништо, ама баш ништо не може да дефокусира од реалната улога на Зоран Заев во „Рекет". Допрва граѓаните ќе дознаваат за шемите на

рекетирање на Зоран Заев и СДСМ, на Ден Дончев заедно со врвот на власта и СДСМ, како и многу други ликови блиски до семејството Заеви и СДСМ.

Ваков криминален канцер на општеството не ни е потребен на политичката сцена во Македонија и ќе го исчистиме на следните избори кога и да бидат и ќе победиме убедливо.

Прашање: Велите дека во објавените снимки нема ништо инкриминирачко, но од нив може да се чуе дека лидерот на партијата соработувал со лик како Зоран Милевски, кој веќе е осуден за извршување рекет. Зошто ВМРО-ДПМНЕ соработува со инкриминирани личности со цел прибирање на гласови за избори, како што можеше да се чуе на снимките?

Одговор: Како што да се види и да се чуе во јавноста од страна на медиумите тогаш во тој момент кога се случила средбата Зоран Милески – Кичеец за него не се води судски случаеви, не се води буквално никаков судски случај и тој тогаш не е осуден. Но, имаше и од страна на претседателот Мицкоски веќе и јавно дадена изјава дека тој се среќава со слободни граѓани буквално со сите кои што ќе сакаат да го сретнат. Од она што можам да кажам околу соработките на лидерите со овој лик морам да потенцирам дека тоа јасно се гледа од изборниот резултат во Охрид и практично сега уште еднаш повторно истиот тој лик Зоран Милески си ја одработува слободата дадена од Зоран Заев иако веќе претходно осуден на неколку годишна казна. Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ стравува од нови снимки кои би се појавиле во јавност? дали т.н. бомби ќе бидат главно орудие на овие избори? Дали може да очекуваме вакви нови бомби од ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид дека Милошоски веќе имаше серијал на објавувања? Одговор: Морам да потенцираме дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не стравува од ништо и од никого, а најмалку од оваа политика на СДСМ и на Зоран Заев. Морам да потенцирам исто така дека со оглед на криминалот на Зоран Заев, на неговото семејство, но и на врвот на СДСМ и власта морам да признам дека тие има навистина има од што да стравуваат, а само би ги повикал граѓаните, јавноста, медиумите, институциите бурно да го следат следниот период се она кое што ќе биде објавено во јавноста. Прашање: Портпаролот на СДСМ го повика господинот Мицкоски да влезе сам во затворот. Ваш коментар околу неговата изјава?

Одговор: Јас би искористил прилика да го повикам Костадин Костадинов да влезе во кабинетот на Зоран Заев таму сигурно ќе ја сретне Рускоска како подготвуваат нова трас-трас одлука во некој судски случај. Нека им го каже истото, но бидејќи авторот на таквата снимка СДСМ не успеал да најде ниту трошка криминал затоа нема до сега покренато буквално никаков случај. Заев нека го викне уценетиот Кичеец кој ја одработува слободата подарена од Заеви и јавно да одговорат како успеа Зоран Заев и СДСМ да победат во Охрид на изборите и ако не се сеќаваат нека се потсетат на сведочењето на другарот на Зоран Заев, Бојан Јовановски – Боки 13 кој кажа јавно во судницата дека Кичеец помагал за изборите во Охрид за Зоран Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, изјава за медиуми на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер