Арсовски: Заев втор месец ги лаже граѓаните дека ќе прави реконструкција на Влада

Зоран Заев веќе втор месец ги лаже граѓаните дека ќе прави реконструкција на Владата.

Откако заврши со театарот внатре во СДСМ што им го приреди на граѓаните и на членството и си ја зацврсти позицијата Заев оставајќи ги само лојалните војници нему во партијата, сега ја лаже јавноста и граѓаните дека ќе ја реконструира Владата со нови луѓе.

Ако некој треба да си оди од Владата, тоа е Зоран Заев.

Еве да наброиме неколку причини зошто Заев треба да си оди од Владата уште веднаш:

1. Се што кажа – излажа.

Лажеше дека ќе го брани Уставот и да не му ја гибаме жицата, а Уставот го промени уште веднаш и жицата му се скина. Го смени натписот на Владата иако викаше дека нема да се менуваат имињата на институциите. Ветуваше дека ќе доаѓаат инвестиции како ГУГЛ и Фејсбук, а гледаме дека фирми отвора и дека работат само фирмите на неговиот брат Вице и неговото потесно семејство. Ветуваше и славеше датум за преговори уште лани во јуни, а сега гледаме дека се уште го нема и сите му се виновни. Ветуваше дека ќе се намали бројот на министерства, а сега гледаме како министерствата и трошоците се зголемуваат.

2. Зоран Заев е синоним за криминал и корупција.

Зоран Заев е единствениот аболициран премиер за криминалии тешки милиони евра. Фирмите на Заеви се вклучени во безброј скандали. Да потсетиме за скандалот на Сашко Брндевски во касарната во Струмица. Да потсетиме на скандалот Цареви Кули каде што исто има кривично дело, да потсетиме дека фирмата на неговиот брат Вице Заев, ТОТАЛ ИНЖИНЕРИНГ работи превоз и транспорт на руда во РЕК.

Наместо независно судство и бескопромисна борба против криминалот, Зоран Заев си обезбеди амнестија за случајот Едно евро за Вицето, едно евро за црквата.

Македонија поради Зоран Заев тоне на листата на Транспаренси Интернешнл од година во година.

3. Зоран Заев ја урна македонската економија.

Моментално македонската економија е на најниско и најдолното дно изминатите 29 години. Ветуваше просечна плата од 500 евра а сега имаме 500 000 жители односно секој четврти човек во државата живее под прагот на сиромаштијата.

Ветуваше сублимирање на буџетите, а сега гледаме мегаломански буџети најголеми во историјата, гледаме зголемени акцизи и гледаме нула капитални инвестиции.

4. се колнеше дека младите ќе ги задржи, а Македонија никогаш не била толку пуста. Во моментот каде и да прошетате, вклучително и главната метропола односно главниот град Скопје можеме да видиме дека сите млади, сите они кои што дипломираат, кои што го завршуваат своето образование фаќаат само карти во една правец и се иселуваат од Република Македонија.

5. Зоран Заев ветуваше дека ќе имаме европско здравство односно здравство по светски рамки. Во моментот гледаме дека здравството тоне, тоне и само тоне и гледаме се повеќе смртност кај луѓето кои што идат да се лечат на клиниките со кои што раководи Венко Филипче.

Ова се само дел од причините зошто Зоран Заев мора прв да си оди од Владата, а после него сите други.

Се додека Заев е Премиер на Република Македонија, државата ќе тоне, затоа што побрзо си отиде од владата која што ја води во моментот, толку подобро за сите граѓани.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер