Арсовски: Венко Филипче се обиде да прикрие над 20-тина случаеви во рок од 3 дена

Сите околу нас веќе ја победија пандемијата, само ние се уште го достигнуваме пикот.

Власта предводена од СДСМ одамна го изгуби својот компас. Зоран Заев, Венко Филипче, политичарот во обид од редовите на СДСМ, Караџовски кој од комисијата за заразни болести, го изгубија својот компас и се подготвени да газат и по човечки жртви, само за да ненормалната нормалност ја прикажат како едно нормално секојдневие.

Во моментов заради загубениот компас на СДСМ, бидејќи не знаат на каде тераат и важни им се единствено нивните функции, во Република Македонија за жал се случува експлозија од новозаразени, каде што секојдневно има над 100-тина заболени. Сите околу нас веќе ја победија пандемијата, само ние се уште го достигнуваме пикот и за жал најавите од експертите се дека ќе биде уште полошо.

До вчера од СДСМ велеа одиме на избори, за да воведат полициски час од вчера во одредени општини, што уште еднаш покажува дека е тотална дезориентираност и очај на оваа Влада предводена од СДСМ.

Уште еден показател кој претставува сериозна загриженост за граѓаните, Венко Филипче во неколку наврати се обидува да прикрие бројки на новозаболени од корона заразата нормално по наредба на Зоран Заев.

Ова е навистина сериозно и за ова треба да се одговара.

Најпрвин директорот на болницата во Штип кој е член на СДСМ, поранешен пратеник на СДСМ, пред неколку дена објави дека има 14 нови заболени во Штип, а Венко Филипче истиот тој ден подоцна објави дека има само еден. Значи Венко Филипче се обиде да сокрие 13 случаеви во Штип. Неверојатно.

Потоа истиот Венко Филипче најпрвин објави бројка од 67 новозаразени на целата територија на Република Македонија за да после неколку часа да дополнат од министерството преку соопштение дека не се 67 туку се 76 новозаразени. Неверојатно е со каква леснотија кријат новозаболени.

Вчера Аце Коцевски градоначалникот на Велес од редовите на СДСМ објави дека има четворица новозаразени, а Филипче подоцна на својот фејсбук профил објави дека има само двајца велешани кои што се новозаразени од корона заразата.

Само во 3 наврати, Венко Филипче се обиде да прикрие над 20-тина случаеви во рок од 3 дена. Колку ли само има прикриено случаеви Венко Филипче низ целата држава што не ги кажува само за да го задоволи својот шеф Заев и да каже дека се е нормално.

За жал не е. Дезориентираноста на оваа неспособна власт не доведе до тоа да самите тие луѓе од СДСМ да бидат џелати на сопствениот народ. Секоја чест и нека им служи на чест ако продолжат за личен интерес на функционерите на СДСМ да го газат здравјето на граѓаните. Ништо не е поважно од здравјето на граѓаните.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Европол: Во Шпанија уапсена група која пренела повеќе тони кокаин од Јужна Америка

 Шпанската цивилна гарда уапсила 20 лица осомничени дека увезле неколку тони кокаин и листови од растението кока од Јужна Америка во Шпанија, соопшти денеска Европол.

Полицијата изврши рација на 27 различни имоти во Мадрид, Понтеведра и Коруња. Во предградието на Мадрид е откриена и лабораторија за производство на кокаин со капацитет за производство на 100 килограми месечно, а во неа се запленети 21 барел течни и цврсти хемикалии кои се користат за производство на кокаин.

Запленети се и три милиони евра во готовина, како и имот вреден 10 милиони евра во кој има куќи, возила и пловни објекти.

Полицијата се сомнева дека оваа криминална група, која ја сочинуваат 19 Шпанци и еден Колумбиец, превезувала нелегална стока со едрилици и катамарани до неколку пристаништа на брегот на Галиција.

Во рацијата биле запленети 50 килограми кокаин, еден килограм хероин, 1,7 килограми хашиш, еден килограм розев кокаин, 10 килограми марихуана, 750 килограми амфетамин МДМА и 10.000 таблети екстази.

Во Струга до 11 часот за претседател 7, а за парламентарни 9 отсто, во Вевчани 21 процент

- Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.

За парламентарните избори во Струга и струшко до 11 часот излезноста е девет отсто, додека за вториот круг од претседателските седум проценти, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Во Вевчани, според претсетдателката на ОИК Менче Кукоска, гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список.

- Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.

Во двете општини, како што посочија претседателите на ОИК, гласањето се одвива тековно, без нарушувања.

Павел: Вложувањата во одбраната се најдобра гаранција за мирна иднина

- Мирот и слободата никогаш не се залудни и нема да постојат само затоа што велиме дека сакаме мир. Понекогаш цената е висока, болна, а понекогаш и највисока, затоа им оддаваме почит на оние кои ја дадоа најголемата жртва, рече чешкиот претседател.

Претседателот на Чешка Петр Павел денеска, на 79-годишнината од крајот на Втората светска војна, им оддаде почит во Прага на војниците, пред сè советските и американските, кои ги дадоа своите животи за ослободување на Чехословачка и повика на поголеми инвестиции во одбраната бидејќи, како што рече, тие се најдобрата гаранција за мирна иднина.

- Мирот и слободата никогаш не се залудни и нема да постојат само затоа што велиме дека сакаме мир. Понекогаш цената е висока, болна, а понекогаш и највисока, затоа им оддаваме почит на оние кои ја дадоа најголемата жртва, рече чешкиот претседател.

Павел потсети дека Чешка добро знае како е да се биде жртва, бидејќи беше соочена прво со германската фашистичка агресија во 1938 година, а подоцна и со советската окупација во 1968 година.

- Војната во Украина е тежок тест не само за Украина, туку и за светот. Без помош на сојузниците денес во војни, никој не може сам да се брани. Влезот во НАТО беше пресвртница за нашата безбедност. Добивме највисоки безбедносни гаранции во нашата историја. Заедно со сојузниците сме посилни, рече Павел.

Чешкиот претседател предупреди, како што наведе, „на историскиот парадокс дека Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, кој се бореше против агресорите заедно со западните сојузници во Втората светска војна, сега стана агресор, додека поразениот нацистички Германија ги научи своите лекции и по длабоко размислување стана демократска земја која го поддржува мирот и стабилноста во светот“.

- Горд сум што Чешка не попушта во помагањето на Украина. Би сакал да ве потсетам на зборовите на мојот претходник, претседателот Вацлав Хавел: рамнодушноста кон другите и рамнодушноста кон судбината на целината е токму она што ја отвора вратата за злото, рече Павел.

На Народниот споменик на ридот Витков во Прага беа положени венци и оддадена почит на загинатите војници за денешните генерации да живеат во мир, воените ветерани и државниот врв, а над Прага летаа борбени авиони и хеликоптери.

Црвената армија водеше борби за ослободување на Чехословачка од 20 септември 1944 година до 11 мај 1945 година и, според проценките на историчарите, околу 144.000 советски војници загинале за време на тие битки.

Западниот дел на Чешка беше ослободен од американската армија, која загуби околу 1.000 војници во тие битки, додека често се заборава на романската армија, која загуби околу 15.000 војници во битките, пред сè на територијата на Словачка, пренесува Бета.

притисни ентер