Арсовски: Епидемијата на непотизам наместо да се искорени, таа се уште се шири

Епидемијата на непотизам наместо да се искорени како што вети Зоран Заев пред околу една година, таа се уште се шири и тоа повторно, со се позасилено темпо.

Очигледен е личниот интерес кај функционерите од СДСМ, свесни дека ги чека пораз, побрзаа повторно да си ги довработат и доунапредат сите оние роднини што им останаа незгрижени со претходниот бран на непотизам.

Штип, како еден од главните примери за повторна зараза од епидемијата на непотизам е еден од водечките градови кој ги згрижува функционерите и роднините на функционерите на СДСМ.

Денеска, за пример ќе го земеме Јане Миланов кој инаку е претседател на Советот на Општина Штип. Денеска општината не е посветена на работа, и тоа сите гледаме, но дека Јане се посветил да си го згрижи целото семејство, тоа денес ќе имаат можност да го чујат сите граѓани.

Сопругата на Јане Миланов, претседателот на Советот на Општина Штип станала главна сестра на Физикална Терапија во Штип.

Ќерката на Јане Миланов според нашите информации, вклучувајќи го влијанието на каналите на Јане Миланов и градоначалникот Бочварски, станува главна во општинската организација на Црвен Крст.

Внукот од сестра на Јане Миланов е вработен во ЈП Исар, кое што е под директна надлежност на општината и Советот каде што е Јане Миланов е претседател.

Внукот од другата сестра на Јане Миланов, господинот Читкушев кој имаше приватна и сопствена ординација, по ново е вработен во Клиничката болница во Штип.

Најверојатно кај Јане Миланов уште домашните миленичиња останале незгрижени и најверојатно ќе ги згрижи идниот период.

Втор пример, поранешниот пратеник од СДСМ, Ален Ѓорѓиев, сегашен директор на Клиничката болница во Штип, каде што згрижува голем дел од роднините на другите функционери во Штип, за возврат него му ги вработиле жена му во средното училиште Јане Сандански во Штип, и неговата сестра во основното училиште „Тошо Арсов".

Трет пример, сопругот на директорката од УЈП Штип, Ана Јаковчевска – Андонова е вработен во ЈП Стипион.

Очигледно, СДСМ се подготвува за паѓање од власт.

Непотизмот е појава која што тешко се искоренува во СДСМ.

Затоа јавно апелираме како ВМРО-ДПМНЕ Антикорупциската Комисија да ги следи овие наши излагања каде што објавуваме нови случаеви на непотизам и да преземе соодветни мерки. И да ги истражи и доколку се докаже дека навистина има влијание и непотизам од функционерите на СДСМ да преземе соодветни мерки.

За среќа на сите граѓани, сето ова ќе заврши на 12-ти април и конечно ќе отпочне обновата на Македонија која што ја руинираше Владата на СДСМ.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

 Кавадаречката полиција ноќеска околу 1 часот по полноќ го лишила од слобода Д.А. (36) од Кавадарци, кој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.

Баерн ќе се обиде да го привлече Бруно Фернандеш доколку Тухел остане

Баерн Минхен е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, тврди „Билд“. 

На тренерот на баварците, Томас Тухел му се допаѓаат квалитетите на португалскиот репрезентативец и ќе инсистира да го привлече на „Алијанц арената“ доколку тој самиот ја задржи функцијата.

Се поверојатна изгледа опцијата Тухел да остане на кормилото на баварците. На крајот на февруари беше најавено дека стручњакот ќе замине на крајот на сезоната, но со оглед на големиот број имиња кои одбија да го заменат на клупата, и двете страни со задоволство би ја продолжиле соработката.

За да се согласи да остане во Баерн, Тухел сака да му биде продолжен договорот и да има збор во изборот. Бруно Фернандеш е меѓу новите засилувања кои ги посакува Германецот. На списокот на Тухел се наоѓаат и Тео Ернандез од Милан и Жоао Палиња од Фулам. Јосип Станишиќ по позајмица ќе се врати во Баер Леверкузен.

Според различни информации, во трансфер плановите на Баерн се и Френки де Јонг, Чави Симонс, Асан Ведраого, Крис Фирих, Андре Онана и Јонатан Та.

Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“.

Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година.

Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати.

Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

„Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд.

Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

притисни ентер