Арсовски: Дали Кирацовски во „Рекет” наместо сведок треба да е во друго својство?

Срамно е да се тужи за упатени прашања, но ние сме тука, ние сме одговорни, ние сме чесни, ние сакаме да се дознае вистината.

Денеска во 12:30 имаме подготвително рочиште по тужба од страна на пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски упатена кон мене заради за нас смешни причини, упатени прашања од моја страна јавно на прес конференција кон пратеникот Александар Кирацовски, по негова дадена изјава откако излезе од распит од судот.

Прашања кои што ја занимаат целокупната јавност, верувам дека се уште ја занимаат бидејќи не се одговорени кој практично и ги потврди на еден начин во неговата изјава каде што и самиот Кирацовски на некој начин потврди дека се што е добро за неговиот град, тој е подготвен и е негова обврска да лобира во рамките на законот и да посредува за проекти од добробит на граѓаните.

Морам да истакнам два моменти. Најпрво срамно е да се тужи за упатени прашања, но ние сме тука, ние сме одговорни, ние сме чесни, ние сакаме да се дознае вистината затоа денеска сме тука да на некој начин ја изнајдеме вистината на суд.

Вториот момент кој што мора да го напоменеме е дека Александар Кирацовски во некое друго време и со некој друг јавен обвинител кој што нема да биде сервилен на власта, како што е Вилма Русковска на која што треба меѓу другото треба до крајот на животот да и пали свеќа и да се моли за нејзе, немаше да биде во судовите во својство на сведок за случајот „Рекет“ , туку најверојатно ќе беше во некое друго својство.

Уште еднаш сакам да ги повика медиумите, сакам да ги повикам граѓаните да го следат случајот. Сеуште нормално го повикуваме и Кирацовски да ги одговори истите прашања кои што беа поставени претходно. Тоа се добро познати која е неговата инволвираност во случајот „Рекет“.

Во однос на правосудниот систем, иако во моментов обвинителството и судството се сервилни кон актуелната власт, верувам дека за многу брзо ќе се смени тоа и граѓаните ќе можат да на некој начин ја најдат својата правда во судовите, наместо како што во моментов се потекнува од „Илинденска бб“, односно од главата на криминалниот октопод, Зоран Заев.

Новинарско прашање: Имате ли денеска преговори за законот за јавно обвинителство?

Одговор на новинарско прашање: Во однос на преговорите и преговарачките тимови можам само да истакнам дека единствено на СДСМ и на владата на Рената Десковска, на Зоран Заев не им одговара да се донесе нов закон за обвинителство. Најверојатно поради одредени суети, одредено его и нормално за да можат да се заштитат од целокупниот криминал кој што ги има правено оваа влада во изминативе три и пол години. Во однос на законот за јавно обвинителство многу работи им беа посочени кои што ги посочуваше ВМРО-ДПМНЕ и од страна на експертите на јавната расправа, така да сметаме дека во моментов само СДСМ не сакам да се донесе закон за јавно обвинителство кој што треба да донесе неселективна правда за граѓаните. Во однос на преговорите доколку има нови моменти од страна на преговарачките тимови ќе бидете благовремено известени или денес во текот на денот или утре во текот на денот.

Новинарско прашање:Ќе поднесе ли ВМРО-ДПМНЕ амандмани?

Одговор на новинарско прашање: Како што реков за новите моменти веднаш штом се усогласат преговарачките тимови или тимот за преговори од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе дознаете нови информации во текот на денот или во текот на утрешниот ден.

Новинарско прашање:Имате ли покана за учество на дебата во поширок состав на работни групи во текот на денешниот ден?

Одговор на новинарско прашање: Во текот на денешниот ден дали има покана за учество на работните групи за дебата немаме информација, бидејќи како што реков се подготвувавме за рочиште, но во однос на преговорите можам уште еднаш да напоменам дека сето она кое што сака да го направи во моментов СДСМ е само една фарса да донесе закон кој што ќе биде во нивна корист односно да го заштити целокупниот криминал кој што моментално го прават. За сите нови детали, нови чекори од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидете известени или во текот на денот или утредента.

Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска со делегација на Град Скопје оддадоа почит пред споменикот на Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска заедно со делегации на претставници од скопските јавни претпријатија, гости и дипломати, оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

Делегациите оддадоа почит на македонскиот великан кој остави траен печат во македонската историја, со својата пожртвуваност, несебична љубов кон татковината и жртвата за слободата на Македонија, која за сите е трајна инспирација за храброст, солидарност и истрајност во борбата за градење на подобра иднина за сите.

Вечна му слава!

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Бајден изјавил дека Јапонците се ксенофоби, реагира Токио

Јапонија денеска оцени дека зборовите на американскиот претседател Џо Бајден, кој азискиот сојузник го опиша како „ксенофоб“, како Кина и Русија, се жалосни и погрешни.

Бајден на состанокот за кампањата во средата рече дека сојузниците Јапонија и Индија и ривалите Кина и Русија се во неволја поради нивното одбивање да примат имигранти.

„Зошто Кина е толку во економска стагнација? Зошто Јапонија има проблеми? Што е со Русија? Што е со Индија? Затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти“, рече американскиот претседател, според извештаите на печатените медиуми објавени во четвртокот. Како одговор, јапонската влада денеска објави дека е „за жалење што беа дадени коментари кои не се засноваат на точно разбирање на јапонската политика“.

Забелешките на Бајден дојдоа помалку од еден месец откако тој беше домаќин на јапонскиот премиер Фуми Кишида на гала вечера, што е ретко прикажување на политичка наклонетост. Белата куќа брзо се обиде да ги ублажи неочекуваните критики на американскиот шеф на државата кон Јапонија.

„Ставот што претседателот го бранеше, и мислам дека луѓето ширум светот се свесни за тоа, е дека Соединетите Држави се земја на имигранти, тоа е во нашата ДНК“, објасни во четвртокот портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Токио покажа дека го слушнал ова појаснување. „Го забележавме објаснувањето од американската влада дека овие коментари не се дадени со цел да се поткопаат важноста и одржливоста на односите меѓу Јапонија и САД“, се вели во соопштението.

Милијардерот Мурдок (92) ќе се жени со поранешната тешта на олигархот Роман Абрамович

Милијардерот Руперт Мардок е фотографиран со неговата свршеница, 25 години помладата Русинка Елена Жукова.

Парот е фотографиран како го шета своето куче, а окото го привлече огромниот веренички прстен на Елена.

Венчавката ќе се одржи во Калифорнија, во Murdoch's Vineyard and Moraga Estate, а на Руперт ова му е шеста свршувачка. Американскиот милијардер и медиумски магнат минатата година се вери со Ен Лесли Смит, но свршувачката траеше само две недели.

Мардок и Жукова беа сликани заедно во август минатата година, откако раскина со поранешната свршеница. Жукова, по професија молекуларен биолог, е мајка на Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович.

притисни ентер