Арсовска: Добро е да има капитални инфраструктурни проекти, но не ни треба дополнително задолжување

Деловната заедница треба да има повеќе информации за конкретните капитални инвестиции вели Арсовска.

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Даниела Арсовска смета дека деловната зедница треба да има повеќе информации за конкретните капитални инфраструктурни проекти и за изворите за нивно финасирање, за да ја коментира најавата на преиерот Зоран Заев дека ќе следи нови инвестициски циклус од пет милијарди евра.

– Да се има капитални инфраструктурни проекти е од големо значење за граѓаните и за деловната заедница, бидејќи секоја од компаниите ќе може да биде вклучена во нив и да даде свој придонес. Тоа секако влева и дополнителни свежи средства во економијата и ќе ја зголеми потрошувачката, меѓутоа првично треба да ги знаеме изворите на парите и кои се конкретните проекти за кои се планираат да се потрошат планираните средства за да можеме да дадеме мислење и подетално да го образложиме, рече Арсовска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во ССК.

Таа посочи дека треба да се внимава со натамошното задолжување на земјава.

– Во овој момент знаеме на која граница е задолжувањето на земјава и не веруваме дека дополнителни задолжувања би требало да бидат нешто кон кое што ќе целиме. Тоа е одговорност на Владата. Ние како деловна заедница не можеме да влијаеме и единствено можеме да го кажеме своето мислење, нагласи Арсовска.

Премиерот Заев вчера со видео порака на својот фејсбук профил, го најави претстојниот инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.

– Една милијарда во патишта, една милијарда во железница, една милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки... Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат, кажа Заев во пораката на Фејсбук. /МИА

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

притисни ентер