Аризона обвини 18 републиканци за обид да го променат резултатот од изборите во 2020

Во американската сојузна држава Аризона, обвинети се 18 лица во врска со обидот за промена на резултатите од претседателските избори во 2020 година во корист на Доналд Трамп, објави државниот обвинител, цитиран од франуските и американските медиуми.

Според американските медиуми, меѓу обвинетите е и Руди Џулијани, личниот адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во обвинението се вели дека имало заговор да се доделат гласовите на американскиот Изборен колеџ, кои се користат на секои четири години за избор на нов претседател, во корист на Доналд Трамп во таа држава, во која во 2020 година беше тесно победен од Џо Бајден. Јавниот обвинител на Аризона рече дека во случајот се вклучени 11 локални републиканци, како и седум други надвор од државата.

Според „Вашингтон пост“, меѓу седумте се поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп во Белата куќа, Марк Медоус, адвокатите Џена Елис и Џон Истман, советникот во кампањата Борис Епштајн и Руди Џулијани, поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп.

Против поранешниот претседател не е покренато обвинение, но тој е наведен како необвинет соучесник, пишува Вашингтон пост.

Џо Бајден ја освои оваа југозападна држава со нешто повеќе од 10.000 гласови пред милијардерот, но многу претставници на Републиканската партија веруваа, без докази, дека имало измами и дека Доналд Трамп победил на изборите во Аризона.

Аризона стана четвртата американска држава, по Мичиген, Џорџија и Невада, која презема правни мерки против луѓето кои се обиделе да формираат алтернативна листа на претставници на Изборниот колеџ, која го одредува американскиот претседател. /МИА

Сиљановска-Давкова: Благодарност до Максим Димитриевски за поддршката за вториот круг

Претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност до Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка за вториот круг од претседателските избори.

Кандидатката за претседателка на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, по повод јавно изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на партијата "Знам" и градоначалник на Куманов, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори:

„Му благодарам на претеседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски (@m_dimitievski), за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“.

Маричиќ: Сите наши државнички одлуки го издржаа тестот на времето

„Сите државотворни одлуки кои сме ги донеле во изминативе 30 години, сите до една го имаат издржано тестот на времето и со тоа СДСМ се покажа како достоен наследник на делото на Гоце Делчев.“

„Сите државотворни одлуки кои сме ги донеле во изминативе 30 години, сите до една го имаат издржано тестот на времето и со тоа СДСМ се покажа како достоен наследник на делото на Гоце Делчев, на придобивките од АСНОМ и НОБ, од делото на Гоце Делчев и на Киро Глигоров“, истакна на новинарско прашање секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, кој како член на делегацијата на СДСМ заедно со заменик претседателката, Сања Лукаревска и со претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Св. Спас во Скопје по повод 121-та годишнина од смртта на идеологот на Македонската револуционерна организација.

Маричиќ дополни дека ниту една одлука не била ниту поништена, ниту изменета, туку сите биле прифатени и вградени во државноста на Македонија, дека СДСМ нема да се откаже иднината и со својата идеологија и своите политики ќе ги застапува социјалдемократските идеали, принципи и вредности.

Во однос на парламентарните и претседателските избори, Маричиќ нагласи дека СДСМ очекува подобар резултат и дека граѓаните ќе одлучат која партија колку пратеници ќе има во Парламентиот.

„Нам ни е битно да покажеме единство, заедништво и на секој наш член, симпатизер и поддржувач да му пристапиме и тоа го правиме секој ден и ќе се бориме. СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој е власт, кој е опозиција одлучуваат граѓаните. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека СДСМ како партија ќе биде бедем којшто ќе ги брани слободата и демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на европските интеграции. Сето она што ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ планираат да го загрозат. Така што, ние сме автентична политичка партија, не сме дериват од ниту една друга политичка партија ниту сме составени да помогнеме на ВМРО – ДПМНЕ да дојде на власт, како што е тоа случајот со ЗНАМ“, потенцираше Маричиќ, се наведува во партиското соопштение.

Петрова: Уште една потврда за нарушената доверба во користењето на буџетските средства

Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција - вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ.

Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција - вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ, а се повикува на доделената финансиска помош ( [‼️] доделена од средства од Буџетот, од народните пари!) и ветува продолжување на финансиската помош во зголемен износ. Со ова, компаниите кои примиле финансиска помош се ставени во позиција дека треба "за возврат" на финансиската помош да дадат глас на изборите. Ова е класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите.

Со вакви дејствија за нечесни цели поврзани со изборите, се потврдува и уште повеќе се поткопува нарушената јавна доверба во користењето на буџетските средства. [‼️] Дали (не)дадениот глас на избори бил и ќе биде "услов" за (не)доделување финансиска помош во некои случаи?, објави на ФБ, Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии.

притисни ентер