Археолозите во Панама откриле гробница полна со злато, во регионот имало ужасни ритуали (ВИДЕО)

Се чини дека во древната култура Кокла, која ја населувала областа на Панама помеѓу 200 п.н.е. и 1550 година од нашата ера, елитата не се грижела премногу за осаменоста за време на задгробниот живот.

Имено, во гробницата на младиот владетел на Кокла во долината Рио Гранде, стара приближно 1.200 години, археолозите пронашле докази за грозоморен ритуал на благородникот.

Тие откриле дека поглаварите и благородништвото во таа култура биле погребани покрај нивните најблиски, како што се саканите слуги или сопруги, кои биле жртвувани за време на погребните церемонии. Во гробницата на владетелот на Кокла, откриена во 2011 година на местото Ел Кано, имало куп предмети од злато, но и коски на десетици луѓе. Самиот владетел бил закопан со лицето надолу, над телото на жена.

За време на ископувањата што ги спроведуваат во последните десет години на локацијата Ел Кано и блискиот Ситио Конте, археолозите пронашле бројни гробници со повеќе од едно тело. Но, ништо не го надминува раскошниот погреб на младиот владетел околу 750 година, пишува Science Alert.

Луксузните предмети пронајдени во неговиот гроб веројатно имале религиозно значење. Помеѓу грнчарските парчиња пронајдени се два појаси од златни монистра, четири нараквици, две обетки во облик на маж и жена, обетка од крокодил, ѓердан од монистра, пет обетки од заби од китови, две златни чинии, две ѕвона, здолништа и нараквици направени од кучешки заби и комплет коскени флејти.

Со оглед на тоа дека ископувањата на оваа необична локација сè уште не се завршени, можеби бројот на жртвувани следбеници на владетелот Кокла би можел да се зголеми. Археолозите претпоставуваат дека до него биле закопани меѓу 8 и 30 луѓе. Неопходно е да се изврши генетска анализа на коските за да се утврди точниот број на поединци, односно да се открие кои коски припаѓаат на која личност.

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Полицаец со уште двајца учествувал во киднапирање маж- го претепале и му барале 10.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

притисни ентер