Археолошкото злато од Македонија претставено пред германската публика

Во престижниот национален Келтско - римски музеј во Манхинг, Германија синоќа беше отворена меѓународната изложба со наслов „Златното лице на непознатиот македонски крал - Македонците и Келтите од брегот на Охридското Езеро”, проект кој се реализира со поддршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот „Clash of Cultures“.

Германската, но и пошироката европска јавност во текот на наредните месеци ќе има можност да се запознае со извонредното културно богатство на Република Македонија.

Организатор на оваа значајна изложба е Археолошкиот музеј заедно со Заводот за заштита на спомениците од културата и музеј од Охрид и Музеј на град Неготино, а во соработка со „Келтен ромер музејот“ од Германија.

Пред многубројната публика од археолошката фела, градоначалници, конзули, дипломати и љубители на уметноста се обратија Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија, проф. д-р Виктор Лилчиќ директор на Управата за заштита на културното наследство, директорот на „Kelten Romer Museum“ Волвганг Давид и професорот Митја Гуштин од Универзитетот Приморска во Копар, Словенија. На свеченоста присуствуваше и Герхард Кругер, почесниот конзул на Република Македонија во Германија.

Директорката на Археолошкиот музеј на Македонија Честоева подвлече дека од две древни места на територија на Република Македонија, од архајскиот и класичниот период допатуваа во Манхинг презентираните вредни предмети за да ја раскажат приказната за цивилизацијата.
- Денес пред вас е една од петте златни маски на локалните кралеви, откриени во архајските некрополи на двата града Лихнид и Енхелана. Со маската од Лихнид патуваат и повеќе златни и други предмети од арахајската некропола на локалитетот Горна Порта во Лихнид, сведоци на луксузот, моќта и идеологија на кралот за неговиот пат кон вечноста. Од Лихнид во Манхинг дојдоа и келтските шлемови, железните штитови и долгите железни мечеви. Келтските воини на почетокот на 3 век пред н.е. на патот кон Делфи или по враќањето, застанале во Лихнид. Долговековниот келтски сон, пренесуван од колено на колено, дека не смее да се умре пред да се види Делфи, за нив запрел во Лихнид, рече Честоева.

За важноста на артефактите и за нивната историска и археолошка вредност говореше Лилчиќ директорот на Управата за заштита на културното наследство.

- Република Македонија е земјата од каде ги донесовме денес тука златната маска на еден благороден Енхелеец од градот на светлината - Лихнид, златниот трезор од Тремник на Вардар и оружјето на Келтите кои го бранеле Лихнид во хеленистичкиот период. Територијата на Република Македонија во раната антика била најсеверната зона на Балканско-медитеранските рани цивилизации, кралствата на Македонците, Пајонците, Пелагонците, Линкестите, Енхелеите/Десаретите, Девриопите и Агријаните, рече проф. Лилчиќ.

Тој истакна дека е посебно задоволен што денес пред германската и европската јавност, тука во Манхинг, донеле дел од раноантичката, архајска цивилизација на Охридските (Лихнидските) Енхелеи, од класичната цивилизација на античките Македонци од Тремник на Аксиј (Вардар) во близина на античката македонска воена база Антигонеа (Неготино) што подоцна прераснала во цивилен град и предметите на пријателските Келти (Гали) кои несомнено своите животи ги положиле во одбрана на цивилизациската среќа на античкиот град Лихнид на Охридското Езеро.

Професорот Гуштин, кој долги години соработува со археолозите од Македонија, се осврна на успешната соработка со неговите македонски колеги.
На поставката се изложени 62 вредни археолошки предмети, во најголем дел златни, меѓу кои и ритуалната погребна маска од почетокот на 5 век пред н.е. која со археолошките истражувања во 2002 година беше пронајдена на Горна Порта, Охридска крепост во Охрид, потоа златната нараквица, апликации во форма на диск, накит, сребрени сандали, двоколка, садови и многу други артефакти, сите од архајски период и најдени на Горна Порта.

Од истиот локалитет пред очите на светската јавност е претставена и келтска воена опрема од 3 век пред наша ера, шлемови, копја, мечеви, штитови и други предмети. Меѓу вредните артефакти е и познатата статуа на Изида од алабастер од 2 век п.н.е. Наодите од с. Тремник од Неготино се исто така дел од поставката.

Изложбата, која ќе биде отворена до 16 ноември, е главен настан на Европскиот проект „Clash of Cultures“ - проект кој 2012 година беше одобрен од Европската унија, координиран е од Универзитетот Приморка во Словенија, а Археолошкиот музеј на Македонија се приклучи како рамноправен партнер во проектот во 2011 година. Во проектот како рамноправни партнери се јавуваат и Лошињски музеј од Хрватска, Земаљски музеј од Сараево, Босна и Херцеговина и Келтско-римскиот музеј во Манхинг, Германија. /МИА

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер