Аргентинскиот претседател Милeи ја почна својата европска турнеја

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи попладнево пристигна во Мадрид, започнувајќи ја својата турнеја низ Европа, во која ќе биде вклучена и Германија, јави ДПА.

Тој беше игнориран од шпанската левичарска влада и од кралот Фелипе Шести, со кого нема предвидена средба.

На предизборен митинг за европските избори, организиран од шпанската партија „Вокс“ во мај, Милеи го нападна шпанскиот премиер Педро Санчез и ја нарече неговата сопруга Бегоња Гомез „корумпирана“.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, пак, го обвини Милеи дека ја напаѓа шпанската демократија, шпанските институции и Шпанија како целина. Милеи го отфрли барањето за јавно извинување и оттогаш продолжува со вербалните напади.

Во рамките на посетата, аргентинскиот лидер има планирана средба со премиерката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, која е претставник на конзервативната Народна партија.

Милеи се очекува утре да биде во Хамбург, а в недела во Берлин ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц. Последната станица од европската турнеја на аргентинскиот претседател е Чешка./МИА

В.Британија ќе склучи договори со Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

Велика Британија ќе склучи договори со Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

Велика Британија ќе потпише договори со Македонија, Србија и со Косово за спречување на активностите на бандите за шверц на мигранти, соопшти Владата во Лондон.

Целта на тие партнерства, од ист тип како она што Лондон го склучи со Албанија на крајот на 2022 година, е „да се зголеми размената на разузнавачки информации и да се пресретнат криминалните шверцерски банди“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Во 2023 година, речиси 100.000 мигранти поминале низ Западен Балкан, што го прави „важна рута што ја користат оние кои илегално завршуваат во ЕУ или Велика Британија“, се вели во извештајот.

Премиерот Кеир Стармер денеска е на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ, 47 земји) во Унгарија, каде на дневен ред е и нерегуларната имиграција.

Севернокорејските војници во Русија за прв пат имаат пристап до Интернет

Севернокорејските војници кои беа испратени во Русија за да помогнат во руската агресија врз Украина, за првпат имаат пристап до интернет, а го користат главно за гледање филмови за возрасни, пишува британскиот весник „Дејли Меил“.

Илјадници војници од Северна Кореја се распоредени во Русија за да и помогнат на армијата на рускиот претседател Владимир Путин во нејзината борба против Украина.

Извештајот на колумнистот на „Фајненшл Тајмс“, Гидеон Рахман откри дека војниците на Ким Џонг Ун во касарните најмногу време трошат на гледање порнографски филмови, бидејќи никогаш немале пристап до Интернет.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, мајор Чарли Диц рече дека не е во можност да потврди какви било севернокорејски интернет навики во Русија и дека тоа прашање треба да и се постави на Москва.

Иако пристапот до Интернет во Северна Кореја е достапен за високи владини претставници, на мнозинството граѓани единствено им е дозволено да ја користат државната мрежа Квангмјонг, преку која не е можно да се пристапи до странски веб-страници.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во интервју за јужнокорејската телевизија КБС изјави дека украинската армија се судрила со мала група севернокорејски војници во близина на руската граница.

Ждреб за Торино: Синер и Алкараз во различна група

Ждрепката за завршниот АТП турнир во Торино се одржа денеска, а задоволен од неа може да биде светскиот рекет број 1 - Италијанецот Јаник Синер.

Група на Илија Настасе: Јаник Синер, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор

Група Џон Њукомб: Александар Зверев, Карлос Алкараз, Каспер Руд, Андреј Рублев

Пред ждрепката главното прашање беше дали Синер и Алкараз ќе бидат во иста група. Ждрепката одлучи дека тоа нема да биде така, а иако групите се релативно изедначени, впечатокот е дека тенисерот број еден во светот поминал нешто подобро.

Вториот носител Александар Зверев во својата група ги доби Алкараз, но и Руд и Рубљов, кои се далеку од добра форма.

Од друга страна, Медведев го доби Синер, а тоа ќе им биде 11-тиот состанок на во последните две сезони.

На неговиот единствен турнир во сала, Фриц беше нокаутиран во првиот меч од Дрејпер во Берси, а Алекс де Минор се бореше со повреда во вториот дел од сезоната и едвај стигна со завршниот турнир.

притисни ентер