Апелација го поништи решението, на Груевски ќе му се суди за „Траекторија“

На Никола Груевски сепак и понатаму ќе му се се суди за случајот “Траекторија”, одлучи скопска Апелација, иако пред еден месец судијата од Кривичниот суд Горан Бошевски констатираше дека  делото за екс премиерот во овој предмет е застарено.

Апелација, по жалбата на обвинителството, одлучила дека судијата не можел да донесе вакво решение, туку застареноста на делото се контатира единствено со одбивателна пресуда поради што предметот се врати во скопска единица. Од Апелација велат дека одлуката е укината од формални причини.

“Со оглед на фазата во која се наоѓал предметот Судот немал можност да донесе решение за запирање на постапката, туку требало тоа да го стори со пресуда со која ќе се одбие обвинението, доколку има апсолутна застареност. “ – велат од второстепениот суд.

Според ова, делото – примање награда за противзаконито влијалие за кое Груевски е обвинет, а се однесува за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и Кичево –Охрид може да застари кога предметот ќе дојде до пресуда, но исто така останува и можноста тој сепак да биде осуден ако Обвинителството во текот на судењето да го прекфалификува обвинението со потешко дело за екс премиерот..

Инаку, Апелацијаденеска одлучи и екс министерот Миле Јанакиески, кој исто така е обвинет во овој предмет, и наредните 30 дена да остане во куќен притвор. Судиите ја од одбиле неговата жалба да му се укине притворот, кој му е определен за случајот “Шпански скали”, истрага која е завршена и Обвинителството до скопскиот Кривичен суд поднесе обвинение.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер