Ануноби ќе добие нов договор во Њујорк вреден 212,5 милиони долари

Раководството на Њујорк никс е согласи на продолжување на договорот со напаѓачот Оу Џи Ануноби.

Новиот договор ќе биде на 5 години и вреден 212,5 милиони долари.

Ануноби им се приклучи на Никс минатата сезона во трејд од Торонто.

Во НБА лигата, 26-годишниот Британец имаше просек од 14,1 поен, 4,4 скока, 1,5 асистенции и 1,7 украдени топки со 1 блокиран удар.

Прва изјава на Меган Маркл за разидувањето со принцот Хари

 Долго време во јавноста не се видени заедно – нешто кријат!

Сопружниците на „крстопат“, кога е во прашање нивниот однос – еве за што станува збор.

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, неодамна присуствуваше на настан по повод Денот на благодарноста во Јужна Калифорнија, но без нејзиниот сопруг, принцот Хари. Нивниот работен однос, според неодамнешните извештаи, станал затегнат, а парот, како што се тврди, моментално е на „крстопат“ кога се во прашање нивните деловни потфати.

Иако честопати ги гледавме заедно на јавните настани, во последниве месеци, Меган и Хари присуствуваа на одредени манифестации одделно. Според извори блиски до парот, во текот на изминатиот месец и двајцата признале дека се соочуваат со предизвици во врска со балансирањето на нивните професионални ангажмани, затоа што често им се случуваат разидувања.

Меган претходно ја споредуваше нивната врска со фразата „сол и бибер“, велејќи дека таа и Хари се „секогаш заедно“ во сè, но сега изгледа дека нивните патишта почнаа да се разидуваат, барем кога станува збор за нивните професионални обврски.

И додека се шпекулира за можна разделба во нивниот работен живот, Меган ја искористи можноста да проговори за својот ангажман во важен настан по повод Денот на благодарноста. Таа присуствуваше на вечерата, која беше организирана во партнерство со Фондацијата Арчевел, која ја основаше заедно со Хари. Настанот ги собра жените од Авганистан кои се населиле во САД, а Меган им изрази благодарност на учесниците, нагласувајќи ја важноста на заедништвото и издржливоста.

- Вечерата беше можност за отворени разговори за благодарноста и отпорноста, но истовремено и за градењето заедница преку раскажувањето на личните искуства. Многу сум благодарна на сите што ги споделија своите искуства и со нетрпение очекувам идни собири кои ќе ги зајакнат овие врски, изјавила Меган.

Меган исто така истакна дека празниците за неа и за Хари отсекогаш биле скромни, за разлика од оние во кралското семејство. Претходно во интервјуата таа спомна како секогаш била убедена дека мора да има место на масата за пријателите кои немаат семејство, а се присети и на еден незаборавен Ден на благодарноста, кога нивна специјална гостинка била феминистичката активистка Глорија Стајнем.

Додека војвотката од Сасекс беше во Калифорнија, принцот Хари беше во Канада, каде што присуствуваше на настан во склоп на Invictus Games, спортски игри за лица со посебни потреби. Иако беа видени одвоени во последниве месеци, Меган и Хари неодамна им оддадоа почит на ветераните заедно на Денот на ветераните, поставувајќи обединет фронт во јавноста.

Како што дознаваме, парот планира да настапи заедно во февруари 2025 година на Invictus Games во Канада. Многумина се прашуваат како ќе изгледа нивната иднина, особено поради с погласните шпекулации за нивна можна професионална разделба. Меган дури ја спомна можноста нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, наскоро да бидат видени во јавноста за прв пат, иако тоа досега не се случило.

Се чини дека, иако парот професионално се оддалечува, нивниот заеднички живот сè уште стои на цврсти темели.

Нарачала бифтек во познат ресотран, почнала да јаде и се шокирала: Нешто ми мрда (ВИДЕО)

Австралијка објави видео од познат ресторан и предизвика бурни реакции на мрежите.

Таа наведува дека дошла на вечера со сопругот и синот не знаејќи какво (непријатно) изненадување ја чека.

Жената тврди дека сѐ се случило на 10 ноември во Пенрит, во бар во кој едно парче месо чини и до 65 долари. Штом специјалитетот бил ставен на масата, таа забележала нешто чудно, пренесува News.com.au.

„Го погледнав стекот и помислив дека е чудно што нешто ми мрда“, рекла Австралијката и додала дека нејзиниот сопруг сфатил дека станува збор за црви кои се виткаат во чинијата.

Таа веднаш го повикала келнерот и нарачката била вратена. Таа тврди дека ѝ било објаснето дека црвите всушност биле во салатата, а не во стекот.

„Тие уживаа во парчето месо, но јас не ги видов на салатата. Без разлика, воопшто не требаше да има црви. Бидејќи никој во ресторанот не ги забележа, пред да ја добијам мојата порција“, тврдела таа.

Жителката на Блу Маунинс истакнува дека го одбила другиот оброк бидејќи сакала да го напушти ресторанот. Челниците на популарниот локал не го коментирале видеото (ЛИНК), но рекоа дека по поднесувањето на жалбата имале инспекциска посета.

„По детален увид, од увидот не се констатирани неправилности. Утврдено е дека месото се чувало во затворени садови“, се вели.

Управата за храна го истражува случајот како „инцидент“, а покриени се сите аспекти - од доставувачот, секторот за складирање до подготовката.

Девојка од Велс призна дека фрлила 754 милиони евра на депонија, нејзиното момче во очај

Халфина Еди-Еванс призна дека случајно фрлила хард диск од биткоин богатството на нејзиното момче од 500.000 фунти, додека тој се бори за правото да ја пребарува огромната депонија во обид да го најде.

Таа за прв пат проговори за сајбер кошмарот на нејзиното поранешно момче Џејмс Хауелс и призна дека го фрлила хард дискот во депонија во Велс, но тврди дека тоа го направила на негово барање.

Нејзиното поранешно момче тврди дека тој самиот ископал биткоини во 2009 година, а потоа заборавил на тоа. Но, откако открил дека 8.000 биткоини сега вредат околу 569 милиони фунти, тој се бори за правото да ја пребарува депонијата.

Хафина тврди дека го зела дискот пред девет или десет години и дека во меѓувреме се разделиле. Но, таа очајно сака да го најде за да има „душевен мир“ бидејќи не сака „ниту еден денар од неговите пари“, пишува Дејли Мејл.

„Да, му го фрлив ѓубрето, тоа ми го побара. Компјутерскиот дел беше ставен во црна кеса заедно со другото ѓубре и ме молеше да го однесам, велејќи: „Еве една кеса ѓубре што треба да ја фрлиш. ""

„Немав поим што има во неа, но неволно го оставив на отпадот кога се враќав од трчање. Мислев дека тој треба да ги работи своите задолженија, а не јас, но го направив тоа за да му помогнам. Она што сега е изгубено , не е моја вина“, додава таа.

„Не би сакала ништо повеќе од него. Здодевно ми е да слушам за тоа“, додала Халфина, која го прекинала молкот откако нејзиниот поранешен излезе во јавноста со намера да бара дозвола да ја пребара депонијата.

Неговото „изгубено“ богатство по денешните цени, неговиот биткоин е вреден 569 милиони фунти (поточно 754.168.000 евра по сегашната цена на биткоинот од 94.216 евра), а тој се обврза дека десет отсто од својот приход ќе го донира на локалното подрачје. Тој тврди дека неговата партнерка во тоа време ги фрлила неговите несакани работи, вклучително и компјутерска опрема која содржела клучна лозинка.

Во тоа време, тој успеал да „заработи“ 8.000 биткоини по 10 недели експериментирање со криптовалути. Тој не ја сфатил нивната вредност и морал да престане со рударството откако Халфина се пожалила дека не може да спие од вревата. Својот лаптоп го чувал во нивната спална соба и кога работел, ја вознемирувала бучавата на неговиот лаптоп.

Потоа имал лоша среќа кога истурил чаша лимонада преку компјутерот, поради што не можел да работи како порано. Тој ги продал компонентите за делови, го задржал хард дискот и ги префрлил сите фотографии и музика на него на компјутер на Apple. Единственото нешто што не можел да го копира била мала датотека со кодот за неговите биткоини бидејќи не бил компатибилен со оперативниот систем на Apple.

Тој го фрлил дискот во фиоката каде што се ставаат работи кои никому не му требаат и заборавил на него во следните три години, концентрирајќи се на работата и семејниот живот - тогаш тој и Хафина имале двајца мали сина.

„Тој рече дека има неколку црни вреќи со ѓубре што требаше да ги однесам на депонија, три или четири, и ме замоли да го сторам тоа“, рече поранешната партнерка, потсетувајќи се на времето кога нејзиниот тогашен партнер ја замолил да му направи услуга.

"Во тоа време Џејмс го фрли хард дискот затоа што мислеше дека е бескорисен. Но сега мисли дека може да вреди цело богатство и се уште се бори со тоа. Тоа трае долго време", додава таа.

Цената на биткоинот неодамна достигна рекордни 94.216 долари - повеќе од 80 проценти оваа година и највисока од нејзиното формирање во 2009 година.

притисни ентер