Анреј Пејиќ стана Андреа и за прв пат прошета по модната писта како жена!

- Ми беа потребни 10 години да го променам полот - вели 23 годишната Андреа, родена како Андреј Пејиќ.

- Ниту во еден момент не се двоумев. секогаш сакав да бидам жена. Бев подготвена на операција од тинејџерските години. Последните години се грижев дека промената на полот ќе ми пречи во манекенската кариера. Физичките аспекти на операцијата не ме загрижуваа. Повеќе се плашев од медиумите - вели Андреа во интервју за магазинот Стил.

Ангреа беше откриена од познатиот дизајнер Жан Пол Готје. И додека беше маж, на пистите чекореше како жена, во женска облека и јасно ја прати својата порака и решеност - еден ден да стане жена. Полот го промени во 2014 -тата, а кон крајот на годината за прв пат прошета по модните писти како жена. Често пати, рамо до рамо со познатите светски манекенки.

На оваа фотографија Андреа е со нејзината колешка, со новата ѕвезда во модниот свет, Кендал Џенер.

Prijateljice: Andreja i Kendal Džener


Андреа е родена како Андреј во Тузла. Нејзината мајка е Србинка а таткото Хрват, но тие се развеле веднаш по раѓањето на Андреј. Поради војната со мајка си и братот , Андреј се сели во бегалски камп кај Белград а потоа. во 2000 година, во Австралија. Од оред неколку години почнува успешна манекенска кариера, а од минатата година е манекенка. Дизајнерите „се тепаа“ да го ангажираат како андроген манекен - дали сега, како жена, ќе продолжи со успехот?

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

притисни ентер