Анкета на Стопанската комора на Македонија: Фирмите очекуваат зголемен пад на производството, извозот и прометот во април

Во периодот од 7 до 14 април 2020 година, Стопанската комора на Македонија спроведе втора анкета за последиците од кризата предизвикана од корона вирусот за македонската економија и очекуваните ефекти од економските мерки на Владата.

Оваа анкета имаше за цел да овозможи увид во регистрираните последици за компаниите-членки на Комората во март и очекувањата за април 2020 година.

Анкетата вклучува одговори на компании што минатата година заедно имале вкупни приходи од 94,4 милијарди денари или 1,53 милијарди евра. Според бројот на вработени, од анкетираните фирми, 21% се микро, 25% се мали, 29% се средни и 25% се големи фирми. Речиси подеднаквата застапеност на сите сегменти на претпријатија според нивната големина обезбедува дополнителна објективност и репрезентативност на анкетата.

Во однос на дејноста на анкетираните фирми, повеќе од половина, или 53% се од преработувачката индустрија и градежништвото, каде што на преработувачката индустрија отпаѓаат 36%, а на градежништвото 17%. Релативно значајно учество имаат и претпријатијата со објекти за сместување и сервисни дејности со храна, како и трговските претпријатија.

Најголем дел од анкетираните претпријатија, 17% се од Општина Центар, 10% се од Прилеп, 7% се од Гази Баба, по 6% од Илинден, од Битола и од Куманово, 4% од Тетово, итн. Дури 79% од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години.

Анкетата обезбеди одговори на повеќе прашања. Денес ќе презентираме некои од нив, а дел ќе бидат презентирани во утрешното обраќање.

Во однос на суровините, 54% од анкетираните фирми немаат недостаток или прекин на достава на суровини. Преостанатите имаат проблем, и тоа: 26% имаат прекин за достава од ЕУ, 11% прекин за достава од земји вон ЕУ и 9% прекин за достава од земјата.

Што се однесува до залихите, 18% од анкетираните фирми немаат никакви залихи, а 58% од претпријатијата ќе ги исцрпат постојните залихи во првите два месеца од кризата. Ваквото ниво на залихи, комбинирано со недостатокот или прекинот на достава на суровини, укажуваат на потенцијално зголемени проблеми за претпријатијата по истекот на првите два месеца од кризата.

Во однос на производството, извозот, увозот и прометот, анкетата се однесува на согледаната состојбата за март 2020 година и очекувањата за април 2020 година.

Кај обемот на производство, во март 2020 година, 16% од анкетираните фирми пријавиле дека производството се одвивало нормално, но за април такво нешто очекуваат само 7%. Пад на производството поголем од 50% за март пријавиле 17% од анкетираните, но за април таков пад очекуваат 23% од фирмите. Целосен престанок на производството во март пријавиле 13%, а такво нешто во април очекуваат 23% од анкетираните фирми. Сите други фирми очекуваат, со релативно рамномерен распоред на големината на падот, намалување на производството до 50%. Сето ова покажува дека за април компаниите очекуваат значително влошување на состојбите во поглед на обемот на производството.

Состојбите се слични и кај извозот. За март, 40% од анкетираните претпријатија пријавиле дека извозот се одвива нормално, а такво нешто за април очекуваат 34%. Пад на извозот над 50% за март пријавиле 13% од фирмите, а очекувања за ваков пад во април имаат 15% од фирмите. Целосен престанок на извозните активности во март пријавиле 16%, а во април 2020 година тоа го очекуваат 22% од анкетираните фирми.

Сличен е трендот и кај увозот. Нормално одвивање на увозните активности за март пријавиле 32%, додека за април тоа го очекуваат 29% од анкетираните фирми. Пад на увозот за повеќе од 50% во март регистрирале 10% од фирмите, а такво нешто за април очекуваат 13% од фирмите. Целосен прекин на увозната активност за март пријавиле 15% од анкетираните фирми, но веќе 21% од нив тоа го очекуваат за април 2020 година.

Што се однесува до движењето на прометот, за март 2020 година вообичаено ниво на промет пријавиле 16% од анкетираните фирми, 13% од нив пријавиле пад од 41% до 50%, а 25% од фирмите пријавиле пад на прометот поголем од 50%. Анкетата укажува на песимистички очекувања за прометот во април 2020 година. Така, само 4% од анкетираните фирми очекуваат нормален обем на промет, 10% од фирмите очекуваат пад од 41% до 50%, а дури 48% од фирмите очекуваат пад на прометот поголем од 50%.

Влошените очекувања за април, искажани од страна на фирмите во анкетата на Стопанската комора на Македонија, добија своја генерална потврда од јавно искажаните наоди на Управата за јавни приходи во однос на падот во наплатата на данокот на додадена вредност во првите две недели на април.

Одделение за информирање

Стопанска комора на Македонија

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер