Анкета: Мишел Обама има поголеми шанси од Бајден да го победи Трамп на изборите

Во случај Џо Бајден да се откаже од претседателската кандидатура по лошиот настап на минатонеделната дебата со Доналд Трамп, поранешната прва дама Мишел Обама е единствената можност за демократите која според анкетите би го победила Трамп.

Во случај Џо Бајден да се откаже од претседателската кандидатура по лошиот настап на минатонеделната дебата со Доналд Трамп, поранешната прва дама Мишел Обама е единствената можност за демократите која според анкетите би го победила Трамп, покажува истражувањето на „Ипсос“.

Мишел Обама, исто така, се наоѓа на врвот на листата на популарност меѓу регистрираните гласачи, додека Трамп и Бајден заостануваат зад неа за повеќе од 10 процентни поени. На прашањето дали Трамп или Бајден треба да се повлечат од кандидатурата по дебатата, речиси тројца од петмина испитаници се согласуваат дека Бајден треба да се повлече, а нешто помалку од половина го кажале истото за Трамп.

Трамп и Бајден остануваат изедначени меѓу регистрираните гласачи за претседателските избори во ноември. Во други хипотетички дуели меѓу демократите и Трамп, само Мишел Обама има предност пред Трамп меѓу регистрираните гласачи.

На прашањето за кого би гласале на претседателските избори во ноември, 40 отсто од регистрираните гласачи би гласале за Бајден, а 40 отсто за Трамп. Овој однос е постојан од крајот на мај 2024 година, кога 41 процент биле за Бајден, а 39 отсто за Трамп.

На прашањето за можни кандидати на демократите против Трамп, 50 проценти од регистрираните гласачи велат дека би гласале за Мишел Обама.

Сите други можни демократски кандидати имаат слични или полоши резултати од Бајден против Трамп. Потпретседателката Камала Харис би освоила 42 проценти од регистрираните гласачи наспроти 43 отсто за Трамп. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, би освоил 39 проценти од регистрираните гласачи наспроти 42 отсто за Трамп. Сите останати демократски кандидати имаат помеѓу 34 отсто и 39 отсто потенцијални гласови меѓу регистрираните гласачи.

Мишел Обама е единствената од сите понудени кандидати во анкетата која ужива позитивно мислење од повеќе од половината испитаници. За 55 отсто од испитаниците Обама е позитивна политичарка.

Сепак, треба да се напомене дека поранешната прва дама неколкупати јасно изјавила дека нема намера да се кандидира на изборите, а претходно ја нарече работата на претседателот стресна и исцрпувачка, нешто што „не би сакала да си го дозволи“. Во меѓувреме, Белата куќа исклучи каква и да е можност за Бајден да се повлече од изборната трка.

Поскапуваат патарините во Србија

Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.

Во Србија од 10 јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.

Цената на патарината од Белград – Ниш Југ ќе изнесува 1.130,00 динари додека старата цена изнесуваше 1.020,00 што е за 110 динари поскапо или околу 0,90 центи. Останатите цени на одделни делници се:

Белград – Суботица: нова цена 800,00 динари (стара цена 730,00)

Белград – Шид: 500,00 динари (450,00 динари),

Обреновац – Прељина: 560,00 динари (510,00)

Белград – Врбас: 470,00 динари (420,00)

Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (до сега 1.510 динари)

Јувентус го донесе најдобриот голман во Серија А

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го ангажираше најдобриот голман во Серија А за минатата сезона, 26-годишниот Микеле Ди Грегорио од прволигашот Монца.

Ди Грегорио следната сезона ќе ја помине во Јувентус на позајмица вредна 4,5 милиони евра, додека конечната вредност на обесштетувањето може да се искачи на 18 милиони евра.

Ди Грегорио беше еден од клучните играчи кој ѝ помогна на Монца мирно да ја заврши минатата сезоната на средина на табелата, зачувувајќи ја мрежата на 12 натпревари.

„Микеле пристигнува во Јувентус како добитник на наградата за најдобар голман во Серија А минатата сезона. Тој е сестран голман, покрај одличните реакции при одбрана на ударите, знае да игра и со нозете, што го прави примерен модерен голман“, објави Јувентус.

Јавен обвинител извршил увид на местото на убиството во Тетово, побарана обдукција и снимки

Јавното обвинителство денеска соопшти дека е извршен увид на местото на синоќешното убиство во Тетово, како и дека јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор.

-Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител, се наведува во инфомрацијата од Обвинителството.

Синоќа во 20 часот и 35 минути во СВР Тетово е пријавено убиство на маж на околу 40 години. Според информацијата од СВР Тетово кон човекот било пукано додека бил во возило.

-Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „Мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, информираше синоќа Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

притисни ентер