Анкета: Граѓаните половично информирани за работата на Собранието, најчест извор е телевизијата

Од темите кои се дискутирале граѓаните најмногу се запознаени со уставните промени и со дискусијата за Договорот од Преспа, а најмалку со јавните расправи кои се случија во Парламентот во посочениот период. 

Граѓаните се поделени во однос на нивната запознаеност со работата на Собранието, покажуваат наодите од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието за периодот јуни 2018 – април 2019 година, спроведена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис" (ИДСЦС) во периодот од 12-26 мај, годинава на 1.000 испитаници

Како што истакна на денешната средба со новинари Влора Речица проектен менаџер во ИДСЦС, речиси половината или 49 проценти од испитаниците се изјасниле дека се делумно или целосно запознаени со работата на Собранието, а 50 проценти одговориле дека малку или воопшто не се запознаени со неговата работа.

-Од темите кои се дискутирале граѓаните најмногу се запознаени со уставните промени и со дискусијата за Договорот од Преспа, а најмалку со јавните расправи кои се случија во Парламентот во посочениот период. На прашањето дали сметаат дека Собранието е отворено, за жал, само една третина од испитаниците смета дека Собрането е отворено за јавноста. Оценката, пак, која Инситутот секоја година ја дава за Собранието, а која произлегува од перцепциите на граѓаните на скалата од 1 до 5, каде 5 е најдобро, оваа година е 2,9 што е зголемување од 2018 година, вели Речица.

При тоа, додава, речиси две третини или 59 проценти од испитаниците одговориле дека најчесто се информираат преку телевизија, 15 проценти се информираат од интернет преку социјални медиуми, девет проценти информациите ги добиваат преку инетренет поиртали за вести, само три проценти одговориле дека информациите ги добиваат од Собранискиот канал, додека ниеден не се информира од веб страницата на Собранието. Од анкетираните девет проценти одговориле дека не сакаат да се информираат за работата на Собранието, односно дека не ги интересира.

Перцепцијата на граѓаните е и, вели Речица, дека партениците секогаш ги претставуваат личните, партиските или бизнис интересите во носењето на закони. Имено, над две третини (72%) од испитаните граѓани сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии и своите лични интереси (78%). Речиси половина од испитаниците (46%) сметаат дека пратениците никогаш не ги застапуваат интересите на граѓаните.

Од испитаните 62 отсто сметаат дека Владата има контрола врз Собранието, 17 отсто дека Собранието има контрола врз Владата (како што е предвидено според Уставот), а 20 отсто од анкетираните немаат мислење по оваа прашање.

Извештајот за квалитетот на дебатата, пак, истражување кое Институтот го спроведува од 2014 година, покажува дека во првата половина од годинава Собранието ја добива оценката 6, на скала од 1 до 10, што за жал, вели Речица, е само преодна оценка за да го помине испитот и покажува дека дебата е сеуште на ниско ниво.

-Загрижувачки е што во 32 проценти од дебатите пратениците немаат ниту еден аргумент, а во повеќе од 40 проценти има слабо аргументирање. Само во еден процент од дискусијата пратениците користеле повеќе од два аргумента. Добар податок е тоа што во 28 проценти од дискусијата имало соодветно адресирање на аргументите од претходните говорници, што е пораст од 2018 година, вели Речица.

Се препорачува во наредниот период да се работи на информираноста на граѓаните за работата на Собранието, каде медиуите велат имаат многу важна улога, бидејќи 59 отсто од нив се информираат преку телевизијата. За поаргументирано дискутирање во Собранието се нагласува, потребно е во иднина да се работи со пратениците на нивните реторички вештини, што зависи од нивната волја, а медиумите и граѓанското општетство може да помогнат со обезбедување податоци од истражувања. /МИА.

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено.

Нови 30 дена притвор добија двајцата осомничени за бруталното убиство на 2-годишната Данка Илиќ..

Судот во Зајечар им го продолжи притворот на 50-годишните Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради проценката дека постои опасност тие да побегнат, да влијаат врз сведоци и да уништат или отстранат траги од извршување на кривично дело, објавија српските медиуми.

Полицијата ги уапси нив под сомнение дека прво ја удриле малата Данка со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле на депонија. Во притвор е и таткото на еден од нив под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето..

Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со Макрон и со Фон дер Лајен

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија.

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општините, вклучително и за Гази Габа

Денеска сме повторно во Гази Баба, како и секогаш во Гази Баба се работи. Нови позитивни работи каде и да одиме. Треба да се пофали градоначалникот Бобан Стефковски и неговиот тим бидејќи има многу проекти навистина.

Во последниве две години откако е тој градоначалник сведоци сме на преку триесеттина игралишта, спортски училишни сали што е навистина за пофалба, плус реконструкции на патишта, водоводи, канализации.

И вака, вака навистина се сака Гази Баба и се сака Македонија.

Јас секогаш сум горд бидејќи она што е ветуваме низ годините сега може да стане реалност.

Честитки до целиот тим, но исто така сакам да ги повикам сите граѓани за да вакви проекти се создаваат и во иднина да ни ја дадат поддршката на 8 мај.

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општини. 250 милиони евра да се даваат годишно на сите општини вклучително и на Гази Габа каде ќе можеме да видиме и плус многу проекти токму тука со помош од централната власт.

Сега шансата е на народот! Промените се во твои раце народе!

И Македонија останува твоја!

Затоа промените треба да ги започне секој еден од нас!

Се гледаме на терен и на 8 мај за голема историска победа!

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2

притисни ентер