Ангов: Владата го стави на дневен ред полнењето на Дојранско Езеро од Хидросистемот „Ѓавато“

Официјално од Општина Дојран преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот и истата е ставена на дневен ред на седница на Влада.

Официјално од Општина Дојран преку системот е-Влада испратена е информација до Владата со која се бара итно постапување за санација и пуштање на хидросистемот и истата е ставена на дневен ред на седница на Влада, соопшти денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Тој преку објавата ги поканува граѓаните на најголемата еколошка акција за чистење на крајбрежието на Дојранското Езеро, која треба да се одржи задутре.

-Да ја покажеме грижата за Дојранското Езеро, а со ова исто така да испратиме силна порака до надлежното Министерство за животна средина дека Хидросистемот „Ѓавато“ мора да биде пуштен. Се надеваме на позитивен исход и разбирање. Затоа сите заедно сплотени без било какви поделби да го покажеме единството и да испратиме силна порака за нашиот бисер, Дојранското Езеро, напиша Ангов.

Инаку, градоначалникот на Дојран одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро ја лоцираше во Министерството за животна средина и во повеќе наврати испрати барања во кои се наведува итноста за пуштање во употреба на Хидросистемот „Ѓавато“.

Според денешните мерења на УХМР нивото на водата во Дојранското Езеро е 80 сантиметри под договорениот минимум.

БИРН: Артан Груби нема албанско државјанство

Поранешниот вицепремиер Артан Груби нема албанско државјанство, пренесува БИРН.

Во текстот на порталот пишува дека и советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја и новинарите на БИРН од Албанија немаат пронајдено никаков запис во тамошниот службен весник дека Груби добил државјанство.

Артан Груби во моментов не им е достапен на органите на прогонот откако пред десет дена успеа да ја напушти државата. Кривичниот суд на 17 декември одреди 30- дневен притвор за него, додека МВР веќе следнииот ден распиша меѓународна потерница.

Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси

 Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг денеска изјави дека Пекинг нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси, алудирајќи на соработката помеѓу Филипини и САД.

- Соработката на Филипините со САД, вклучувајќи го и распоредувањето на американскиот ракетен систем Тајфун, носи ризик од геополитичка конфронтација и трка во вооружување во регионот, истакна Мао.

Кинеското МНР ги повика Филипини да се придружат на стратешката автономија и мирниот развој.

- Во соработката со САД и распоредувањето на ракетниот систем Тајфун, Филипини ја предаде на други сопствената безбедност и националната одбрана … Уште еднаш ја советуваме филипинската страна дека единствениот правилен избор за обезбедување на нејзината безбедност е да се придржува до стратешката автономија, добрососедството и мирен развој, посочи Мао.

Американскиот систем Тајфун, кој може да биде опремен со крстосувачки ракети способни да погодат кинески цели. Пред два дена филипинскиот министер за одбрана Жилберто Теодоро истакна дека распоредувањето за заеднички вежби е „легитимно, законско и неоспорно“.

Ривалството помеѓу Кина и Филипини се зголеми изминатите години поради нивните претензии во Јужно Кинеско Море, а соработката помеѓу Манила и Вашингтон дополнително ги зголеми тензиите.

Петрушевски: Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а СДС знаеше и молчеше

Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а СДС знаеше и молчеше за да владеат.

Груби и ДУИ ги злоупотребуваа Албанците.

Додека Груби крадеше, ДУИ ги лажеше Албанците дека се бори за нив, а всушност со секој поминат ден беше причина повеќе тие исто како и Македонците да си заминуваат од државата.

Груби и ДУИ никогаш не беа ниту за Албанците, ниту за Македонците, туку за џебот на поединци.

СДС знаеше за криминалот на Груби, го толерираше од две причини: Прво, затоа што му се приклучи, и второ затоа што така се држеа на власт.

Груби и ДУИ знаеја дека во никоја друга комбинација нема да можат така да крадат и го држеа СДС на власт.

Коалицијата СДС и ДУИ беше брак од интерес за грабеж на Македонија.

СДС и денес продолжува да одработува за Груби, смислувајќи разни приказни.

Реалноста е дека тие го создадоа Груби, овозможија да краде и ја ограбија здружно државата. Тоа сите го знаат.

Наместо да се брукаат со пресконференции, да излезат и да го повикаат да се врати, а потоа да им се извинат на граѓаните.

БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ, ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер