Анѓушев на Машински факултет: државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат

Не може сите млади да бидат ИТ инженери, бидејќи на државата и се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози.

Вака проф. д-р Кочо Анѓушев се брати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје, по повод 20 години од Институтот за мехатроника.

„Мора да се земе предвид дека стопанството денес не е истото коешто беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори, и затоа и факултетите треба да продуцираат кадри на друг начин и со друг пристап, кој одговара на економијата денес.

Можеби е добро на факултет, уште после прва година, да се прави насочување на студентите во два правци: инженери кои сакаат да работат во академија, на факултет, во наука, и инженери кои сакаат да работат апликативно машинство, односно кои сакаат да работат во индустријата.

Така и двете групи подобро ќе се спремат за работните обврски во иднина.

Исто така, потребна е државна интервенција на пропишување на тоа колку студенти и каде да се запишат на факултетите, и тоа согласно потребите на државата и на општеството.

Сега се помалку има запишани студенти на градежен факултет, на архитектура, металургија технолошки факултет итн. Не може сите млади луѓе да бидат информатичари како што е сега мода и посакувана професија, бидејќи тоа не е одржливо, затоа што државата за да функционира има потреба од стручни кадри во сите сфери. Треба некој да гради и патишта, на пример, а денес не можете да најдете градежни инженери ни да вршат надзор на градбата на патишта.

Една држава не може да постои и да се развива без инженери во индустријата“, рече проф. д-р Кочо Анѓушев, сопственик и извршен директор на групацијата „Феро Инвест“ на панелот на Машинскиот факултет, на кој говореа и министерката за образование Весна Јаневска, ректорката на Унверзитетот Св Кирил и Методиј, Биљана Ангелова, и директорот на КОСТАЛ, Виктор Мизо.

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

А.Б. (19) од Скопје, е лицето што синоќа беше повредено од огнено оружје на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, откако во него било пукано од лице кое излегло од возило.

-Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти денеска МВР.

Синоќа МВР информираше дека околу 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“.

ЦУК: По обилните врнежи, водата во Гостивар не е безбедна за пиење

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало 2 142 повици во последното деноноќие на бројот за итни случаи 112, а немало пожари на отворено. 

ЦУК информира дека вчера, од 9:30 до 10:15 часот, четворица пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес извлекле жена во срушена куќа. Жената се стекнала со мали повреди и со возило на итна медицинска помош била пренесена во болница во Велес.

ТППЕ Куманово дека вчера, од 12:08 до 12:30 часот, извлекувала лице од возило при сообраќајна незгода во близина на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Лицето, како што се наведува, имало тешки телесни повреди.

РЦУК Тетово, пак, информира дека околу 4:30 часот возило излетало во река во село Беловиште, Општина Гостивар. Се интервенирало со едно возило и четворица пожарникари. Сите лица биле извлечени, а само еден сопатник бил телесно повреден, кој бил пренесен во Гостиварскиот клинички центар.

Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише и испумпување вода во поплавената куќа во истата населба.

- ЈКП „Шар“ од Тетово информира до ЦУК дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, а градот Тетово се снабдува со намалено количество вода. Екипите на ЈКП „Шар“ се на теренот за брзо решавање на проблемот. Известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13:00 до 15:00 часот и во период од 1:00 до 4;00 часот, стои во соопштението.

Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

- До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар да не се пие водата од чешма, од водоводот, информира ЦУК.

Чемвено од Кенија победник на 20. Виз Ер Скопски маратон

Хилари Чемвено од Кенија е победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Тој патеката долга 42 км и 195 метри ја истрча за два часа 13 минути и 28 секунди.

Второто место го освои уште еден Кениец. Даниел Кипротич на целта стигна со време 2:13:53.

Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:16:26 часа.

Чемвено е деветтиот победник од Кенија на Скопскиот маратон.

Во женската маратонска трка победи Ирине Џеруто од Кенија со време 2:37:52, пред Македонката Адријана Поп Арсова со време 2:39:38, додека трета е Вилијан Џелагат од Кенија со време

Резултати на најдобрите во двете конкуренции на полумаратонот (21 км):

мажи:

1.Хусеин Чан (Турција) 1 час 5 минути и 54 секунди

2.Мурат Емектар (Турција) 1:06:40

3.Абдурахман Гедиклиоглу (Турција) 1:09:47

жени:

1.Милица Мирчева (Бугарија) 1 час 15 минути и 49 секунди

2.Греша Бакрачи (Косово) 1:21:14

3.Џули Ларсен (Норвешка) 1:22:04

Најуспешни во трката на 5км:

мажи:

1.Гилман Јонузи 15 минути 45 секунди

2.Григоријан Никовски 15 минути 54 секунди

3.Бојан Чаприќ 16 минути и 16 секунди

жени:

1.Ирма Хајдари 18 минути 31 секунда

2.Дарија Крстевска 19 минути и 38 секунди

3.Христина Секулоска 20 минути и 37 секунди.

притисни ентер