Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е во парламентарната декларација

По бурата реакции во јавноста и во исчекување на официјална реакција на македонска Владата до официјална Софија, бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов помалку изненадено и во неколку збора одговора. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика ТТС

Фармацевтската компанија АстраЗенека првпат во судски документ призна дека нејзината вакцина против Ковид во ретки случаи може да предизвика несакани ефекти, вклучително и згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.

- Причината за синдромот е непозната. Синдромот на тромбоцитопенија (ТТС) може да се појави и без вакцината на АстраЗенека или која било друга вакцина. Каузалноста ќе треба да се докаже професионално, се наведува во соопштението Фармацевтската компанија.

Во Велика Британија е покрената колективна тужба против АстраЗенека, во која се тврди дека употребата на нивната вакцина „КовиШилд“ (CoviShield) довела до смрт и сериозни повреди и се бара отштета до 100 милиони фунти за 50 жртви. Еден од тужителките тврдела дека вакцината и предизвикала трајно оштетување на мозокот и дека згрутчувањето ја оставило неспособна за работа.

„КовиШилд“ е развиена од британско-шведската компанија АстраЗенека во соработка со Универзитетот во Оксфорд и Велика Британија, а ја произведуваше индиската компанија Серум институт од Индија, еден од најголемите производители на лекови во светот.

Вакцината се користеше во повеќе од 150 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Индија.

Некои истражувања спроведени за време на пандемијата покажаа дека вакцината е 60 до 80 проценти ефикасна во заштитата од Ковид-19. Сепак, истражувањето покажа дека вакцината „КовиШилд“може да предизвика згрутчување на крвта кај некои луѓе, што може да биде опасно по живот.

Светската здравствена организација (СЗЗО) потврди дека „КовиШилд“ може да предизвика несакани ефекти опасни по живот.

- По имунизацијата со таа вакцина пријавен е многу редок несакан ефект наречен Тромботски тромбоцитопениски синдром, кој вклучува ненадејни и сериозни случаи на згрутчување на крвта поврзани со низок број на тромбоцити. Во земјите каде САРС-КоВ-2сè уште се пренесува, придобивките од вакцинацијата во заштитата од Ковид-19 ги надминуваат ризиците, се наведува во соопштението на СЗО. /МИА

Управниот одбор на Токсикологија заседава во четврток, треба да го потпише решението на ДСЗИ

Вонредниот состанок на управниот одбор на Токсикологија во четврток ќе треба да заседава и да го потпише решението на ДСЗИ со кое се забранува на вработените до кога им траел договорот да доѓаат на работа во клиниката.

Медицинскиот директор потпишува забрана за медицински лица на кои им престанал договорот да доаѓаат на работа, организациската директорка не става потпис и праќа приговор, велат извори на Канал 5, откако утринава државниот санитарен и здравствен инспекторат повторно влезе во клиниката за да провери дали 11 лица незаконски извршуваат работни задачи. И економската директорка Иљази со скенирано писмо каде вели дека медициснкиот директор е тој што ништо не потпишувал што е важно за клиниката. во петокот клиниката се поплави поради дупната цевка на парното. Токму и вработените реагираа дека ништо не функционира во клиниката и за тоа ја посочија економската директорка.

Петмина загинати во руски напад врз украинскиот „Хари Потер замок“

Бројот на жртви во руското ракетирање на популарно наречениот замок „Хари Потер“ во украинскиот град Одеса се искачи на пет.

Уште 32-ца се ранети во синоќешниот напад врз објектот каде е сместен правниот факултет во јужниот пристанишен град.

Според украинските власти, тие кои биле во зградата немале доволно време да се евакуираат, бидејќи сирените се активирале само неколку минути пред нападот.. По Киев и Харков, одеса е трет по големина град во Украина и до војната беше еден од клучните градови за економијата на земјата и популарно туристичко одморалиште..

притисни ентер