Андов за Данас: Тито сакаше Југославија да влезе во Европската зедница

Според Андов „опасностите од бугарската политика за целиот Балкан ќе бидат реални сè додека таа земја го слави својот национален празник на 3 март – денот на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор".

Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели во интервју за белградски „Данас" Стојан Андов, првиот претседател на македонското собрание и висок функционер во поранешната Сојузна влада на СФРЈ, јави дописникот на МИА од Белград.

Андов, кој во 1978-1980 година како шеф на југословенската делегацијата има учествувавано во преговорите со тогашна Европска заедница (ЕЗ), изјави дека Јосип Броз Тито сакал полноправно членство во ЕЗ, како и да постоеле пораки од ЕЗ за можноста Југославија, заедно со Шпанија и Португалија да стане членка на ЕЗ.

Во поглед на бугарската блокада на европскиот пат на Северна Македонија Стојан Андов изјави дека во Меморандумот на Бугарија сè е прекроено, има многу лаги и глупости.

-Во јавноста доминира реален став за окупацијата на Македонија од страна на фашистичката бугарска армија и државна администрација и за востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор заедно со југословенските народи во борбата против доминацијата на Хитлер, а слуга на Хитлер беше бугарскиот фашистички окупатор во Македонија. Во тој период се пролеа премногу крв и беа извршени премногу злосторства. Македонскиот народ не може само така да ги проголта овие лаги. Сепак, Заев даваше различни изјави и тие негови изјави дојдоа како резултат на природата на преговорите во оваа фаза. Всушност, земјата кандидат во оваа фаза нема право да каже кои се нејзините позиции … Во Меморандумот на Бугарија сè е прекроено, има многу лаги и глупости. Лага е и идејата за раздвојување на македонскиот од бугарскиот народ од страна на Југославија, бидејќи југословенските ставови ги градеа сите југословенски народи, вклучително и македонскиот. Напротив, сегашната политика на бугарската влада грубо ги разделува македонскиот и бугарскиот народ и ги спротивставува еден на друг, вели Андов за „Данас".

По ветото на Чешка, Словачка и Австрија, во ЕУ и е зададен е удар на Бугарската политика и фабрикувањето на историјата", оцени Андов, по што Бугарската влада, нагласува тој, „не смееше повеќе да инсистира на своите ставови, увидувајќи опасност и остатантите членки да не се изјаснат како овие три земји."

Според Андов „опасностите од бугарската политика за целиот Балкан ќе бидат реални сè додека таа земја го слави својот национален празник на 3 март – денот на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор".

-Сегашна Бугарија нема сила да го спроведе Сан Стефанскиот договор. Но, за таа идеја, бугарската царска влада предизвика и водеше три крвави војни и ги загуби сите три. Овој обид со Македонија е многу сличен на претходните обиди на Бугарија да ја реализира Санстефанската идеја, овде ограничена на територијата на Македонија, оцени Стојан Андов за Данас, наведувајќи примери за страотните злочини на бугарските окупатори со „сечењето на главата на Невена Георгиева-Дуња и испраќањето на речиси 90 отсто од македонските евреи на „хитлеровците" кои потоа сите беа ликвидирани во Треблинка"./МИА.

ДИК: Прегласување ќе има на 7 избирачки места, гласањето ќе биде во среда на 22 мај

Изборите сепак не се завршени. Во игра се уште два мандати, по еден во 5-тата и 6-тата изборна единица, кои првично го доби ДУИ, но по прегласувањето може да ги изгуби.

По синоќешната одлука на Управниот суд да ги отфрли сите жалби на Европскиот фронт, ДИК на седница на која не пресуствуваше потпретседателката претставник на ДУИ, Дитмире Шеху, едногласно ја донесе одлучи во среда да се гласа на едно избирачко место во селото Ларце, Желино кое е дел од шестата изборна единица, како и во шест изборачки места во Крушево, Долнени, Струга и Охрид, кои се во рамките на 5-тата изборна единица.. .

ДИК – прегласување за Парламентарни избори 2024

Изборна единица 5 Изборна единица 6

Крушево – избирачки места 1194 и 1202 с. Ларце - Желино - 2101

Долнени – избирачки места 1470 и 1470/1

Струга – избирачко место 1884

Охрид – избирачко место 1272

ДУИ во 6-тата изборна единица освои 9 мандати наспротив 7 на Вреди, но доколку разликата на ова избирачко место се зголеми за дополнителни 80 гласа, тогаш Вреди ќе добие уште еден мандат и ќе се изедначат со по 8 пратеници. Во петката пак, ВМРО ДПМНЕ доби 10 пратеници, Европски фронт 4 и СДСМ тројца. Но по прегласувањето има три опции, може да се случи ДУИ да го задржат пратеничкиот мандат, но и да го добијат или СДСМ или ВМРО ДПМНЕ.

Состојбата на Фицо е стабилизирана, но и натаму е сериозна

Тој засега нема да биде префрлен во Братислава, соопштија словачки министри.

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна, изјави словачката министерката за здравство Зузана Долинкова.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина испука во него неколку истрели од пиштол.

Долинкова објасни дека вчерашната двочасовна операција за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните прострелни рани, која ги зголемила надежите за негово закрепнување, „придонела за позитивната прогноза“ за Фичо.

Словачкиот вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак им изјави на новинарите пред болницата каде се лекува Фицо дека неговиот трансфер во главниот град Братислава од малиот град во областа, каде што беше застрелан пет пати нема да се случи во следните неколку дена.

Според вицепремиерот, не било потребно официјално преземање на функциите на Фицо и има одредена комуникација со него.

Напаѓачот денеска за прв пат се појави во судницата во Пезинок, гратче недалеку од главниот град Братислава. Судската зграда ја обезбедуваше маскирани полицајци вооружени со пушки./МИА

Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти

 Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг е „Винскиот музеј низ артефактите“. Всушност, на лице место уметниците сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ја следат нивната активност, имаат можност да дегустираст вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организиравме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста „Роднокрајци“, чии претставници творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Весела Честоева, директор на Вински музеј за регион „Тиквеш“, со седиште во Кавадарци.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа. /МИА

притисни ентер