Андора ќе го тестира целото население

Властите на Андора денес покранаа голема кампања за заштита од коронавирусот и во среда ќе започне масовно тестирање.

Андора има популација од околу 77 илјади жители а планот е да бидат тестирани сите граѓани.

До сега околу 50.000 луѓе доброволно се согласиле да се тестираат, што го поздравил и министерот за здравство на таа земја Џоан Мартинес Бенасет, кој ја повикал целата популација да учествува во акцијата.

Андора влижила околу 1.6 милиони евра во тестови и нивната примена.

Планот е да се тестираат околу 7.000 луѓе дневно на 11 локациии ширум таа мала земја која се наоѓа на Пиринеите помеѓу Франција и Шпанија.

Франција и Шпанија се меѓу земјите кои се највеќе погодени од пандемијата на коронавирусот.

Андора до сега има 740 случаи позитивни на Ковид-19 и 40 починати.

Судијата го одби барањето за поништување на судењето на Трамп за скандалот со порно ѕвездата

„Како можеме да излеземе од ова на начин што е фер за претседателот Трамп“, рече Бланш.

Судијата во кривичната постапка против Доналд Трамп во вторникот го одби барањето за поништување на судењето на адвокатот на Трамп, Тод Бланш, кој тврдеше дека сведочењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната наводна афера во 2006 година е ирелевантно и само ќе ги разгори страстите на поротата.

„Како можеме да излеземе од ова на начин што е фер за претседателот Трамп“, рече Бланш.

Судијата Хуан Мерчан рече дека се согласува дека има елементи во нејзиното сведочење што би било подобро да не се кажат.

„Мислам дека беше малку тешко да се контролира сведокот. Мислам дека не сме во фаза кога поништувањето на судењето е оправдано“, рече Мерчан.

Предлогот беше поднесен неколку часа по нејзиното сведочење. Таа пред поротата кажа за нејзината наводна врска со Трамп и митото од 130.000 долари што го добила за да молчи кога тој се кандидираше за претседател во 2016 година.

Даниелс (45) рече дека одлучила тој инцидентот да остане приватен откако добила закана на паркинг во 2011 година, но се предомислила за време на кампањата во 2016 година, кога биле изнесени неколку обвинувања за сексуален напад против Трамп.

„Мојата мотивација не беа парите, сакав да ја раскажам приказната“, вели таа.

Трамп (77) се изјасни дека не е виновен за фалсификување деловни книги за да се прикрие давање мито на Даниелс.

Тој негира дека имал секс со Даниелс, а неговите адвокати тврдат дека таа го измислила затоа што сакала да се појави во шоуто на Трамп „The Apprentice“.

Даниелс потврди дека се надевала дека Трамп ќе ја ангажира во шоуто по нивниот однос.

Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека не е задоволен од новиот предлог на Хамас за прекин на огнот, а Хамас предупреди дека нема да има договор доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Нетанјаху кажа дека новиот предлог на Хамас за прекин на огнот е далеку од основните барања на Израел, додавајќи дека сè уште е неопходен воен притисок за ослободување на заложниците што Хамас ги држи во Појасот Газа.

Израелските сили вчера рано утрината ја окупираа палестинската страна на граничниот премин во Рафа, што Нетанјаху го оцени како „многу значаен чекор кон уништување на преостанатите воени капацитети на Хамас“.

Со оваа воена операција е прекинат клучниот пат за помош до Појасот Газа, што веќе е на работ на глад.

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан, вчера предупреди дека нема да има прекин на огнот доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Хамдан ова го изјави на прес-конференција во Бејрут, а делегацијата на Хамас во меѓувреме пристигна од Доха во Каиро за да ги продолжи преговорите за прекин на огнот, соопшти Хамас.

-Тврдиме дека воената операција во Рафа нема да биде пикник за (израелската) армија, рече Хамдан.

„Топката е во теренот на Нетанјаху“, додаде тој.

Тој посочи дека новиот предлог за прекин на огнот со кој се согласи Хамас е „минимумот што одговара на барањата на нивниот народ и неговиот отпор“.

-Преминот Рафа беше и ќе остане исклучиво египетско-палестински премин, рече Хамдан.

Состојба на патиштата

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер