Анџелина за мајчинството: Ова е најважната работа која секој родител треба да ја знае

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли во новото издание за францускиот магазин „Ела“ зборуваше за тоа колку и недостига нејзината мајка, но и за тоа каква е таа во улогата на родител.

„Би била предобра баба. Точно знам како би изгледале нивните животи со баба и затоа ми е многу жал што немаат можност тоа да го искусат. Се би дала да е со мене во овој момент. Многу пати ми е потребна. Често разговарам со неа во глава и се обидувам да замислам што би ми рекла и како би ме навела да донесам добра одлука“ – беше искрена Џоли.

Анџелина призна дека мајчинството и е најголем подарок и најголема одговорност, но откри што за неа тоа претставува.

„Тоа значи дека треба да направиш се за да живееш во склад со своите вредности и да им ги пренесеш на своите деца. Се обидувам да бидам добар пример, како и да бидам одговорна. И нормално, да им помогнам, да усвојат што поширок поглед на светот“ – додаде Анџелина.

ОД друга страна, постои една многу важна работа што секој родител мора да ја знае.

„Единствен начин на кој знам дека добро ги воспитувам е навистина да ги слушам. Можеби тоа е најважната работа која може да ја направи еден родител. Децата се силно, но остануваат деца колку што е потребно додека не дознаат за суровата животна вистина, а до тогаш им е потребна вашата заштита и љубов“ –заклучи таа.

Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во Советот на Европа, доколку не започне со формирање на заедниците.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за формирање Заедница на српски општини претставува „цврст модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојната најдобра практика во Европа“.

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во Советот на Европа, доколку не започне со формирање на заедниците.

„За жал, чекорите што ги предлагате не се однесуваат на итната потреба од решителни чекори кон формирањето на заедницата и ризикуваат дополнително да го поткопаат дијалогот што го води ЕУ.Се вели во писмото кое било испратено еден ден пред писмото на косовската владата да биде упатено до претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, во кое се наведува дека владата подготвува нацрт на статутот на Заедницата на српски општини, што ќе биде испратен до Уставниот суд на Косово до крајот на мај.

Саборот ќе гласа за новата хрватска влада

Хрватскиот Сабор денеска ја избира новата влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе брои 18 членови, меѓу кои и тројца министри од Движењето Татковина.

Владата во Парламентот ќе ја претстави Пленковиќ, кому ова му е трет мандат по ред на чело на извршната власт.

Покрај членовите на Владата од Движењето Татковина, од кои дел се поранешни членови на ХДЗ, извршната власт останува непроменета кога станува збор за личности.

Во Програмата на новата влада од 2024 до 2028 година се истакнати пет приоритети - успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска.

„Гответе со Дракче“ - Солени вафли

Во четврток  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Брезева.

Состојки за денешниот рецепт:

2 јајца

200 гр. пченкарно брашно

50 мл. маслиново масло

100 гр. спанаќ

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер