Анализа: Кои се клучните забелешки на ЕК за напредокот на Македонија?

Без забележителен напредок, стагнирање или назадување во клучните области како што се правосудството и борбата против корупцијата..

. Вака дел од познавачите ого оценуваат најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија. Според Марко Трошановски клучната порака која Комисијата ја испраќа се уставните измени, а најголемиот број забелешки се однесуваат на кластерот Темели и смета дека итно треба да се презвемат чекори за подобрување во оваа област. Поблагиот тон кој го користи Брисел во овој извештај, според Трошановски не ја менува сликата дека земјава не работи доволно на реформската агенда.

„Воопшто не можеме да зборуваме за напредок, туку станува збор за стагнација или уназадување. Стагацијата дури самата по себе е негативна бидејќи додека ние стоиме во место, односно нема влошување како што беше кажано при презентација на Извештајот, другите земји напредуваат. Тоа нас не остава се поназад и поназад во листата на добри реформисти и тоа е галвна оценка од овој извештај. Главниот мотив повторно е на реформите коишто мора да се направат функционален и правичен нашиот политики систем. Фокусот и годинава е судство и јавна администрација“.– Марко Трошановски, Институт за демократија.

Според Симонида Кацарска од Институтот за европска политика најзагрижувачи е што Извештајот не нотира никаков напредо во борбата со корупцијата. Вели гернералната оценка од Брисел е дека државата државата има одредена подготвеност за импелеметира њезакондовството на ЕУ, нешто што било нотирано и во ланскиот извештај. Сепак Кацарска вели дека треба да се земе в предвид и што станува минатата година беше изборна.

„Ние како држава немаме особено поместување во однос на подготвеноста, туку имаме во неколку поглавја мали пометувања во статистика, во надворешни односи, во индустриска политика и претпријатија. Таму се подобрил капцитетот на иституциите за превземање на обврските од членството. Загрижувачка на ситемско ниво е проценката на ЕК за слабите капацтети за коридинација на севкупниот процес на пристапување како на централно ниво, така и во однос на користењето на ЕУ средставта и третата клучна порака покрај Уставот и капацитетите е немањето напредок во борбата против корупцијата“– Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ .

Ова е 18-ти извештај на ЕК за напредокот на земјава, кој заедно со извештаиите и за останатите девет земји кандидати за членство, вчера беше презентиран од високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и Еврокомесарот Вархеји, кои повторија дека секоја земја ќе се цени поединечно на патот кон ЕУ и дека нема да има рокови за следно проширување.

Скандал на свадба: Невеста избега од олтарот, откако ѝ шепнаа нешто (ВИДЕО)

Свадбите секогаш будат силни емоции, а кај невестата и младоженецот тоа особено се истакнува кога ќе дојдат на свадбениот олтар.

Често се случува да се запрашаат дали донеле правилна одлука, објави Курир.

Меѓутоа, една невеста не се сомневала и побегнала непосредно пред да го каже судбоносното да на својот избраник. Овој момент го уловија и камерите, а сѐ заврши на интернет.

@fashionpulis Video courtesy of @Sam YG #biggestweddingoftheyear #FashionPULIS #blinditem #labubu #dimond #diamonds #billionaire #traveltiktok #philippinestiktok #tiktokphilippines🇵🇭 #kimsdiary #ifern #richardmille #rolex #audemarspiguet ♬ original sound - Fashion PULIS

Сè изгледа идилично, младоженецот и невестата застанаа еден до друг, се гледаа заљубено и беа подготвени да ги кажат своите завети. Меѓутоа, во еден момент на невестата ѝ пришла девојка, веројатно нејзината кума и нешто ѝ шепнала. Следуваше драма. Невестата бесно истрчала од салата и никој не можел да ја стигне.

Таа само го погледна младоженецот, му го даде бидермаерот и исчезна во солзи.

Судејќи по коментарите под видеото, станува збор за наводна реклама, некои велат дека сѐ е инсценирано, а има и такви кои напишале дека биле во слична ситуација или дека виделе како невестата или младоженецот се предомислиле на последен момент.

Претседателот на Кина повторно предупредува: Никој не може да го запре обединувањето со Тајван

На последниот ден од 2024 година, кинескиот претседател Си Џинпинг уште еднаш предупреди дека „никој не може да го спречи повторното обединување на Кина со Тајван“.

Во својот новогодишен говор, Си Џинпинг испрати јасна порака до сите кои се борат за независност на Тајван на и надвор од островот со 23 милиони жители, кој официјален Пекинг го смета за дел од својата територија, објави Ројтерс.

Во текот на изминатата година, Пекинг го засили воениот притисок во близина на Тајван, испраќајќи воени бродови и авиони во водите и воздушниот простор околу островот речиси секојдневно, во она што тајванските власти го гледаат како постепен обид за „нормализирање“ на военото присуство на Кина.

Кина го смета Тајван, каде владее западна форма на демократија, за своја територија. Сепак, тајванската влада ги отфрла тврдењата на Пекинг и посочува дека само народот на Тајван може да одлучи за нивната иднина и дека Пекинг мора да го почитува нивниот избор.

„Луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се едно семејство. Никој не може да ги раскине нашите семејни врски и никој не може да го запре историскиот тренд на национално обединување“, рече Си Џинпинг во говорот што го емитуваше кинеската државна телевизија CCTV.

Во минатогодишниот новогодишен говор, кинескиот претседател изјави дека „повторното обединување“ на Кина со Тајван е неизбежно и дека луѓето од двете страни треба да бидат обединети со заедничка цел и да ја споделат славата на обновувањето на кинеската нација.

Тензиите во регионот се зголемија откако Лаи Чинг-те, кого Пекинг го смета за сепаратист, стана нов претседател на Тајван во мај.

На почетокот на овој месец, Кина воведе поморска блокада на Тајван, откако Лаи застана на Хаваите и американската островска територија Гуам за време на турнејата во Пацификот што Пекинг силно ја критикуваше.

Кина, која никогаш не ја отфрли можноста за употреба на сила за да го стави Тајван под своја контрола, одржа две рунди воени вежби околу островот оваа година, велејќи дека тие се предупредување против „сепаратистичките потези“ и вети дека ќе преземе дополнителни чекори доколку е потребно.

Се ожени братот на Анџелина Џоли, актерката не дојде на свадбата (ВИДЕО)

Братот на Анџелина Џоли, Џејмс Хевен, во тајност се ожени со Роми Ибели, ѕвезда на американското реално шоу The Real L Word.

Роми ја откри веста објавувајќи фотографии и видеа од венчавката која се одржала на 12 август во Калифорнија.

„Во 2024 година се омажив за мојот најдобар пријател, со кого сум 23 години. Деталите за нашата приказна се премногу лични и комплицирани за да ги споделам сега, но сите ги пишувам во мојата книга. Денот на нашата венчавка беше интимен, само ние и нашите родители додека си разменивме завети, планираме поголема прослава подоцна“, напиша таа.

Потоа открила дека ден по венчавката се степале и по пет месеци плачење, помирување и размислување решиле да си ги решат проблемите.

„Се чувствувам подготвена да се вратам кај мојот сопруг и нашиот дом во Лос Анџелес. Сè што се случи во последните неколку месеци беше дел од поголем план. Секогаш ќе ја чувам 2024 година длабоко во моето срце. Животот е премногу краток. Живејте го “, напиша таа.

Се сети на нејзиниот покоен татко. "Верувам дека нѐ гледа од небото и ни се смешка. Џејми ме запроси на гробот на татко ми", додала таа.

Анџелина Џоли не беше присутна на свадбата на нејзиниот брат.

Иако порано привлекуваа големо внимание, особено поради нивниот бакнеж на Оскарите во 2000 година, Џејмс и Анџелина веќе не се толку блиски.

"Анџелина и Џејмс целосно се оддалечија. Тие беа неразделни и најдобри пријатели. Тој ѝ помагаше да ги воспитува децата и секогаш посветуваше многу време на семејството. Одеднаш, без посебна причина, престанаа да зборуваат и се оддалечија. Само тие знаат што навистина се случи“, изјави претходно извор близок до Анџелина.

Анџелина го донесе својот брат на Оскарите. Најголем шок доживеа на забавата на Vanity Fair која се одржа по доделувањето, каде Анџелина страсно го бакнуваше својот брат во уста, што камерите го уловија и го снимија за сите времиња. Но, тоа не беше прв пат да бидат снимени како разменуваат нежности на јавен настан, бидејќи слично се забавуваа на доделувањето на наградите Златен глобус претходно истата година.

"Тоа не беше француски бакнеж. Тоа беше нешто едноставно и убаво. Енџи требаше да замине во Мексико за да го заврши снимањето на Оригиналниот грев со Антонио Бандерас. Ѝ честитав на нејзиниот Оскар и ѝ дадов брз бакнеж во уста и од тоа стана голема работа“, изјави Џејмс за Daily Mail во 2007 година.

притисни ентер