Анадолу Ефес и Реал Мадрид на чекор до „фајнал фор“ во Евролигата

Кошаркарите на Анадолу Ефес и Реал Мадрид по синоќешните победи во натпреварот број 3 од четвртфиналето на Евролигата имаат водство од 2-1 во победи против Олимпијакос односно Дарушафака.

Воедно на двете екипи потребна им е уште една победа за пласман во полуфиналето.

Анадолу Ефес го совлада Олимпијакос со 64:60, а најефикасен беше Брајан Данстон со 16 поени. Реал Мадрид ја совлада Дарушафака со 88:81, а на полувреме водеше со 46:33. Џејс Керол од Реал беше најпрецизен со 21 поен.

Следните дуели се играат утре, а домаќини се: Анадолу Ефес и Дарушафака./МИА

Резултати на 71,44% од гласовите: Силјановска Давкова 382.739, Пендаровски 174.538

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 73,82% од избирачките места и 71,44% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,52% од гласовите или 382.739 гласови. Стево Пендаровски освоил 174.538 гласови или 29,42%.

Пендаровски: Им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба

Стево Пендаровски вели дека резултатите се јасни и нема намера понатаму да ги образложува, тој во својата прес конференција им честиташе на победниците на овие избори.

Тој им посака успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба.

притисни ентер