Американскиот сенатор Велч: Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија

Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, оцени демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч за претседателските избори во Македонија, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

- Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа Х. Минатиот месец, демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, заедно со демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин, и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит рикетс и Том Тилис, спонзорираа најнова резолуција во Сенатот, со која САД го поддржаа пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

Мицкоски за спортските ваучери: Граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање  во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.

- Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

- Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.

Мицкоски: Се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување

Најпрвин ќе ми дозволите на сите православни христијани да им го честитам Христовото воскресение, да им посакам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот благосостојба, мир, љубов, хармонија во нивните домови, во нивното семејство. 

Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи, за сите семејства. И уште еднаш ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во хармонија и во обединување.

Истовремено ќе ми дозволите да истакнам дека денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај. Нешто што треба да биде императив после осми мај. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат.

Така што уште еднаш ќе ми дозволите да изразам моја најдлабока лична почит кон македонскиот великан Гоце Делчев од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и од името на Коалицијата „Твоја Македонија“.

Скандал во Франција: Фудбалери со факели ги гаѓаат своите навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот од 36. коло на француската Лига 2 Троа - Валенсиен беше прекинат и заврши во 89. минута, по немирите кои настанаа меѓу домашните навивачи и играчите.

Домашната екипа е во грчевита борба за опстанок и повеќе не зависи само од себе, па победа против фенерите и веќе видениот патник во Националната лига беше императив. Сепак, работите не тргнаа во посакуваната насока.

Симон Елисор му донесе водство на тимот во сопственост на „Сити груп“, но Ник Фенема израмни за Валенсија. Минутите поминаа, а надежите на Троја избледеа. Нерешениот резултат би им оставил само теоретски шанси.

Во 89. минута, домашните навивачи со факели го прекинаа натпреварот, што ги налути некои играчи, особено резервниот Жуниор Олаитан, кој на полувремето влезе во игра наместо Лука Илиќ.

Тој не беше среќен што симпатизерите го прекинаа натпреварот во важни моменти, па со факел им возврати на навивачите, што подоцна го повтори откако повеќе од нив паднаа од трибините со уште повеќе пиротехнички средства.

Неговиот пример го следеа и некои соиграчи, кои дополнително ги испровоцираа навивачите и го принудија судијата да ја прекине играта и да им зададе многу работа на дисциплинските органи...

притисни ентер